[[Податотека:Discos_Chalice.jpg|200pxthumb|right|Дискос и путир]]
'''Дискос''' (ό δίσκος, το δισκάριον, букв. чинија) е тркалезна плитка чинија за евхаристиски леб. Тој се изработува или без, или со ниско подножје, и без особени украси и резби кои би го отежнале собирањето на честици. За време на вршењето на Проскомидија, на дискосот се положува агнецот кој се осветува на Божествената [[Литургија]]. На него, исто така, според подоцнежната византиска пракса, се поставуваат и честици во чест на [[Богородица]], светиите и ангелите, [[епископ]]от, како и живите и упокоени верници.