Секоја година, мистагошката икономија на Логосот се повторува со секој од нас, со Црквата. На тој начин, се исполнуваат Господовите зборови: ''„Ете, Јас правам нешто ново; еве сега ќе се јави; зар и тоа не сакате да го знаете?“'' (Иса. 43:19) Односно, се открива смисолот на новозаветните зборови на Спасителот: „Новото вино ќе биде дадено во нови бочви“.
Согласно со Цариградскиот Типик, чинот на црковното новолетие го има следниот поредок: по утрената, пеејќи „Трисвето“ се прави литија до градскиот плоштад. Кога литијата ќе пристигне до плоштадот, ѓаконот возгласува ектенија и се пеат трите антифони. По антифоните, архиерејот произнесува возглас, три пати го благословува народот и седејќи, ги слуша прокименот и Апостолот; по читањето на Апостолот, три пати го благословува народот, и го чита Евангелието, како што и Христос на овој ден го прочитал пророштвото од книгата Исаија. Потоа се произнесуваат литијните прозби, а по нивното завршување и главопреклоната молитва, започнува да се пее тропарот на 2 глас: „Создателу на секоја твар...“, и литијата оди во црквата, каде што продолжува Божествената Литургија.
==Историја==
===Одлуката на Првиот Вселенски собор===