Промени

Прејди на: содржини, барај

Недела на Православието

Додадени 3.053 бајти, 14:01, 15 февруари 2010
с
Значење
== Значење ==
 
Секоја од неделите од Велигденскиот пост е посветена на определен настан или личност значајни за православната вера. Историски гледано, секоја недела во Великиот пост била користена за подготовка на огласените за нивното Крштение (на Пасха), и токму затоа се разгледувале најважните моменти од учењето на Црквата и животот, потребни за катихетот да се оспособи за свет живот.
 
=== Историско значење ===
 
Историското значење кое овој ден го нуди е победата на вистинската вера. „Ова е победата која го победи светот - нашата вера.“ (1 Јован 5,4) Исто така, иконите на светителите го носат сведоштвото дека човекот, создаден по образ и подобие Божјо, станува свет и богообразен преку очистувањето од гревови. Врската помеѓу победата над иконоборците и Великиот пост е историска, затоа што се случила токму во првата недела на Постот, соодветната година.
 
=== Духовно значење ==
Првично оваа недела на Великиот порст се празнувал споменот на големите пророци, како Мојсеј, Арон и Самуил. Стиховите на алилуја и евангелските чтенија ја откриваат оваа постара употреба. Апостолот се чита од Посланието кон Евреите, 11,24-26,32-12,2. Огласените на овој начин, во раната Црква, го слушале Апостолот за Старозаветните мажи кои живееле со вера во ветувањето чие исполнување не го виделе.
 
Се чита и од Светото Евангелие според светиот апостол Јован, 1,43-51, каде повторно се нагласува: „отсега ќе го гледате небото отворено и ангелите Божји како се качуваат и слегуваат над Синот Човечки.“ Огласените на раната Црква, и верните чеда на денешната Црква се припремаат за Пасхата, и им се укажува дека со вера ќе го видат исполнувањето на сите ветувања, и пројавувањето на Царството Небесно, во Црквата.
 
== Химнографија ==
== Надворешни врски ==
3.103
уредувања

Прегледник