Промени

Прејди на: содржини, барај

Велигденски пост

Додадени 2.296 бајти, 13:33, 15 февруари 2010
с
Богослужби
# Недела на [[Света Марија Египетска]]
=== Богослужби === Великопостното богослужење во голема мера се разликува од секојдневното, односно богослужењето надвор од Великиот пост. Бидејќи деновите на Великиот пост се денови посветени на покајанието, богослужбите се уредени на начин кој ја поттикнува скрушеноста на срцето и каењето. Од богослужбите се оттргнати раскошот и славењето. Ретко се отвораат царските двери, на многу служби дури и завесата останува нетргната, свештенослужителите обично носат темни и црни одежди и има малку пеење. Богослужбите се проследени со голем број на големи (земни) и мали (појасни) поклони.  Од понеделник до петок, великопосното богослужење ја има следната структура: наутро - [[полуноќница]], [[утрена]] и први час; претпладне - великопостните часови: трети, шести и деветти, изобразителна и [[вечерна]]; навечер - [[големо повечерие]].  Во саботите и неделите на Великиот Пост се служи Светата Литургија на Свети Василиј Велики. Од друга страна, во текот на неделата, односно во среда и петок се служи Литургија на претходно осветени дарови, односно Литургија на Свети Григориј Двоеслов, папа Римски. Оваа богослужбена структура е плод на потребата на верните што почесто да заедничарат со Светите Тело и Крв Христови. На Литургијата на Свети Григориј Двоеслов читањата се земаат од Стариот Завет, фокусирајќи се на Битие, Изреки Соломонови и Книга Исаија. За време на Страстната седмица, во првите три дена се служи Литургија на Претходноосветени дарови, на [[Велики Четврок]] - Василиева, на [[Велики Петок]] не се служи Литургија, туку Царските часови (освен ако на тој ден не се падне Свето Благовештение), а на [[Велика Сабота]] се служи повторно Василиева. Исто така, се издвојува шестата недела, кога се слави споменот на Влегувањето Господово во Ерусалим (Цветници), и се служи Златоустова света Литургија.
=== Пост ===
3.103
уредувања

Прегледник