Промени

Прејди на: содржини, барај

Предникејска ера

Додадени 10.796 бајти, 12:37, 8 февруари 2010
New page: {{Вовед}} Црковната историја претставува важен дел на Православната христијанска вера. Православните ...
{{Вовед}}

Црковната историја претставува важен дел на Православната христијанска вера. Православните христијани во значајна мера се дефинирани од континуитетот и полнотата со сите оние претходно упокоени во верата отци, кои први ја примиле и проповедале благата Вистина за [[Господ Исус Христос]] на светот: оние кои помогнале во правилно исповедање и изразување на Православието, и кои продолжуваат да се движат кон непроменливото а сепак постојанодинамично [[Свето Предание]] на Православната Црква.

== Предникејска ера (100-325) ==

* 107 Мачеништво на Игнатиј Антиохиски; упокојување на апостол Симеон
* 108-124 Прогон под императорот Трајан, продолжен од императорот Адриан
* 120 Почеток на времето на апологетите: Јустин Маченик, Аристид, Татијан, Атинагора Атински, Теофил, Минук Феликс, Тертулијан и Кодрат
* 124 Апостолите Кодрат и Аристид ги презентираат Христијанските апологетии пред императорот Адријан во Атина
* 128 Грчки превод на Стариот Завет на Аквила
* 130 Преобратување на Јустин Философ
* 132 Побуна на Евреите против Рим, предводена од наводниот месија Бар-Кохба
* 135 Почеток на славење на [[Рождество Христово]] како празник во Рим
* 136 Разбиена еврејската побуна од страна на императорот Адријан, забрана за сите Евреи да се вратат во Ерусалим и промена на името на Ерусалим во Елија Капитолина; прва забележана употреба на титулата Папа од римскиот епископ Хигиниј
* 144 Одлачување на Маркион Синопски
* 150 [[Јустин Философ]] ја опишува Божествената Литургија
* 155 Мачеништво на Поликарп Смирнски
* 156 Почеток на монтанизмот
* 165 Мачеништво на Јустин Философ
* 166 Како одговор на кватродециманизмот, папата Сотир востановува годишно прославување на [[Пасха]] во Рим, како додаток на неделната прослава на [[Воскресение]]то
* цца. 175 Тацијан ги хармонизира четирите канонски евангелија во една нарација
* 177-180 Прогон под императорот Марко Аврелиј (161-180)
* 180 Иринеј Лионски го пишува „Против ересите“
* 180-192 Грчки превод на Стариот Завет од Теодотиј
* 193-211 Грчки превод на Стариот Завет од Симах
* 197 Кватродециманска контроверза
* 200 Мачеништво на Иринеј Лионски
* 202 Императорот Септимиј Север издава едикт против Христијанството и Јудаизмот; Мачеништво на Харалампиј од Магнезија
* 202-210 Прогон под императорот Септимиј Север (193-211)
* 206 Кралот Авгар IX ја преобратува Едеса во Христијанство
* цца. 209 Мачеништво на Албан Британски
* 210 Иполит Римски, епископ и свештеномаченик, последен римски отец кој зборувал грчки, ги пишува „Одбивање на сите ереси“ (Философумена) и „Апостолско предание“
* 215 Обратување на Тертулијан во [[Монтаизам]]
* 225 Упокојување на [[Тертулијан]]
* цца. 225-250 Пишување на Апостолската Дидаскалија (Дидахи)
* 227 [[Ориген]] го започнува толкувањето на Битието, а го завршува „За Првите Начела“
* 238 Прогонство под Максимин VI; мачеништво на св. Иполит Римски
* 235-238 За време на владеењето на Гордијан и Филип, Арапската Црква проповеда отворено и привлекува добро образовани преобратени
* цца. 240 Ориген ја приготвува Хексапла
* 244 Плотин основа Неоплатонска школа во Рим, како реакција на Црквата
* 246 Павле од Теба во Египет станува првиот христијански пустиник (еремит)
* 247 Рим слави илјадогодишен јубилеј, сведочејќи период на зголемено прогонство на Христијаните
* 248 Ориген го пишува „Против Целз“
* 249-251 Прогон под императорот Декиј VII
* 257-260 Прогон под императорот Валеријан VIII
* 258 Мачеништво на Кипријан Картагински
* 260 Павле Самосати започнува проповед против божественоста на Христос; Римскиот Синод го осудува Севалијанството и Суборданизмот
* 264 Изопштување на Павле Самосати
* 265 „Единосуштен“ (homoousios) е употребен за прв пат од модалните монархијанити
* 274-275 Прогонство под императорот Аврелијан IX
* 270 Упокојување на Григориј Чудотворец; Порфириј Тирски го пишува „Против Христијаните“
* 284 Диоклецијан станува Римски император, ја прогонува Црквата со околу милион маченици; мачеништво на Козма и Дамјан, Андреј Стратилат и 2593 војници со него
* 285 [[Свети Антониј Велики|Антониј Велики]] се повлекува во пустина
* 300 Христијанското население брои 6 200 000, или 10.5% од населението на Римското Царство
* 301 Григориј Просветител го преобраќа цар Трдат I Ерменски во Христијанство
* 302 20000 маченици се запалени во Никомидија
* 303 Почеток на Големото Прогонство (303-311); мачеништво на [[Свети великомаченик Георгиј Победоносец|Георгиј Победоносец]]
* цца.305-311 Лактанциј ги пишува Божествените Установи
* цца.306 Синодот од Елвира пропишува целибат за клирот и поставува строги казна за изневерување и прељуба, на тој начин станувајќи модел кој подоцна ќе биде прифатен од Западот
* 308 Папата Марцелиј I се спротивставува на попустливоста кон Христијаните кои попуштиле при гонењата
* 310 Ерменија станува првата Христијанска нација; прогон на Христијаните под персискиот цар Шапур II
* 311 Галериј пропишува Едикт на Толеранција, завршувајќи го прогонот а Христијаните во неговите делови на Римското Царство; Дoнатистово востание во Картегина
* 312 Визија и преобраќање на Константин Велики; пораз на Макценциј на Битката на Мувлискиот Мост, правејќи го Константин Цар на Западот; мачеништво на Лукијан Антиохиски
* 313 [[Милански едикт|Миланскиот Едит]] издаден од страна на Константин Велики и совладетелот Лициниј, официјално прогласувајќи верска слобода во Римското Царство
* 314 Анкирскиот Собор; Арлскиот Собор го осудува Донатизмот
* 315 Неокесариски Собор
* 318 „За воплотувањето“ на [[свети Атанасиј Велики]] е објавено; почеток на [[Аријанство]]то
* 318 Пахомиј Велики основа подвижничка заедница во Тиваидската Пустина, започнувајќи го манастирското општежитие
* 320 Одлачување на Ариј од Александар Александриски; мачеништво на Четириесетте Севастиски маченици
* 320-21 Ликиниј ги засилува мерките против Христијаните на Истокот
* 321 Светиот цар Константин ја прогласува неделата како празник на [[Воскресение]]то
* 323 Константин Велики гради црква на местото на мачеништвото на апостол Петар во Рим
* 324 Константин го поразува Ликиниј и станува единствен цар на Римското Царство

== Забелешки ==
== Видете исто така ==
== Надворешни врски ==
3.103
уредувања

Прегледник