Промени

Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Featured

Додадени 716 бајти, 18:24, 13 септември 2009
с
нема опис на уредувањето
'''Пресвета Троица''', Света Троица (грч. Αγία Τριάδα) е Единиот Бог во Три Лица. Православното учење за Света Троица не е само [[догма]]тски [[канон]] или теолошка област за разгледување, туку и основното изрично учење за неискажливата и несфатлива љубов на Трите [[Ипостас]]и: [[Бог Отец|Отец]], [[Господ Исус Христос|Син]] и [[Бог Свет Дух|Свет Дух]], Кои се творечка сепричина, извир, темел и центар на постоењето на сѐ што постои. Догмата за божеството на Троица е дефиниран на Вториот вселенски собор (Константинопол, 381 година) во првиот член (Отец), од вториот до осмиот член (Син) и во осмиот (Светиот Дух) член на Никео-Цариградскиот Символ на верата.
Вистината за постоењето на Света Троица не е логична претпоставка која треба да се докаже по пат на логички силогизми. Бог, чија суштина е недостижна за човечкиот разум кој е ограничен, можеме да Го познаеме само онолку колку што Тој Самиот Себе ни Се открива. Токму затоа Православието е Откровение и дејство на Света Троица, изразено преку полнотата на битието, смисолот и целта на постоење.
Во Стариот Завет Бог, покрај својата исклучиво монотеистичка појава и објава, Се откривал и како Троица, но не директно и очигледно, туку нејасно, повеќе како сенка и праслика, праобраз на троичноста која на човештвото му се открива со Воплотувањето на втората Ипостас на Пресвета Троица.
3.103
уредувања

Прегледник