Отвори го главното мени

Православна-енциклопедија β

Промени

Повардарска Епархија

Додадени 4.427 бајти, 14:51, 4 септември 2009
нема опис на уредувањето
Митрополитот Гаврил беше епископ на Повардарската епархија се до 1989 г. кога беше избран за Архиепископ на Македонската православна црква, а на негово место дојде г. Михаил. Во 1992 г, г-дин Гаврил се повлече од Архиепископскиот престол, а на негово место дојде Повардарскиот митрополит Михаил, кој воедно беше и администратор на Повардарската епархија.
 
=== Велес како архиерејско седиште ==
 
Од досегашните познати историски податоци се дознава дека Велес имал свој епископ за време на Охридскиот архиепископ Хоматијан (1215 - 1234). Сепак до 1661 г. нема сигурни податоци за другите велешки епископи. Постојат повеќе причини зошто е тоа така: на прво место е влијанието на политичките околности, а потоа, се разбира и црковните состојби во Охридската архиепископија. Епископите често биле присилно сменувани, од кои некои биле само по една година. Но од втората половина на XVII век веќе се познати приличен број имиња на велешки епископи кои во продолжение ќе ги именуваме:
 
Најстар историски извор за антитурското раздвижување во Велес постои од крајот на XVI век. Бунтот бил предводен од страна на тогашниот Охридски архиепископ Варлаам, кој на Архиепископскиот трон дошол по смртта на Атанасиј I, познатиот организатор за кревање на општобалканско востание за чија реализација барал помош од европските држави. Архиепископот Варлаам по сé изгледа активно продолжил по стапките на својот претходник, но сето тоа било со краток век. Во 1598 год., бил фатен и погубен од јаничарите во Велес.
 
# Данаил се спомнува во 1641 и 1661 г., како поранешен велешки епископ.
# Јосиф од Зографскиот манастир се спомнува во месец април 1668 г., (во документот против еретикот Герасим) и во 1670 г., (од натписот на Орешкиот манастир во околината на Велес).
# Митрофан се спомнува на 12 мај 1677 г., како поранешен велешки епископ.
# Дионисиј се јавува во 1683 - 1684 г.
# Калиник учествувал во изборот на Охридскиот архиепископ Филотеј на 16 јули 1714г.
# Макариј се спомнува во 1722 г.
# Давид умрел како велешки епископ во 1735 г.
# Данаил бил хиротонисан за велешки епископ на 26 јуни 1735 г. Исто така се спомнува и на 16 август 1735г.
# Јосиф се јавува во периодот (1746 - 1753).
# Теодосиј се спомнува во 1759 г.
# Јосиф се спомнува во 1760 г.
# Епископот Игнатиј, грк од Лариса. Во 1797 г. бил поставен на повисок архиерејски чин - митрополит. Обиколувајќи ги сите манастири во својата епархија сé што нашол таму како стари книги, ги изгорел. Прост и неписмен, тој едвај знаел да се потпише. И како таков во велешката епархија владикувал 45 години. Умрел во длабока старост во Велес во 1841 г.
# Теоклит (1842-1847).
# Авксентиј I (1847-1855).
# Антим (1856-1866).
# Генадиј (1870-1872).
# Дамаскин (1872-1874).
# Методиј (1892-1894).
# Авксентиј II (1897-1907).
# Мелетиј (1907-1912).
 
== Надворешни врски ==
*[http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe/ Изворен материјал, страницата на Повардарска Епархија]
 
[[Категорија:Православие во Македонија]]
3.103
уредувања