Промени

Прејди на: содржини, барај

Повардарска Епархија

Додадени 3.413 бајти, 14:09, 4 септември 2009
New page: '''Повардарската епархија''' е со седиште во Велес. Со неа управува епархискиот архиереј, Неговото висок...
'''Повардарската епархија''' е со седиште во Велес. Со неа управува епархискиот архиереј, Неговото високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел. Епархијата има три намесништва: Велешко, Кавадаречко и Гевгелиско. Територијата на Епархијата се совпаѓа со државните граници на градовите: Велес, Кавадарци, Гевгелија, Неготино, Валандово.

== Основни податоци ==

* 20 парохии, 178 храмови.
* 38 свештеници, 2 ѓакони, 2 расофорни монаси.
* 175.000 верници.
* Околу 2.000 крштевки и 1.000 венчавки годишно.
* 25 манастири, од кои најпознати се: „Св. Димитрија” Велес и „Св. Ѓорѓи” Неготино.
* Епархиски музеј.

== Историја на епархијата ==

На 18. 11. 1977 година Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква на синодска седница одлучи да се оформи посебна Повардарска епархија, под назив „Епархија Повардарска”. На седницата се одлучи архиереј на епархијата да биде назначен Неговото Високопросвештенство г. Гаврил. Во одлуката беше наведено дека од 1 јануари 1978 г. епархијата целосно да започне со својата работа.

Повардарската епархија како посебна епархија, започна со работа на 30. 03. 1978 г. со отварање на првата седмица во присуство на членовите на Е.У.О. на епархијата Повардарска: Митрополитот г. Гаврил, секретарот на епархијата прота - ставрофор Стојко Ристовски, прота - ставрофор Борис Симоновски, арх. намесник на Велес, протоереј Трајко Гроздановски - арх. намесник на Кавадарци, протоереј Бошко Кипровски - парох при црквата „св. Пантелејмон” - Велес, и старешината на црквата „св.Пантелејмон” - Петре Бојаџиев.

Митрополитот Гаврил беше епископ на Повардарската епархија се до 1989 г. кога беше избран за Архиепископ на Македонската православна црква, а на негово место дојде г. Михаил. Во 1992 г, г-дин Гаврил се повлече од Архиепископскиот престол, а на негово место дојде Повардарскиот митрополит Михаил, кој воедно беше и администратор на Повардарската епархија.
3.105
уредувања

Прегледник