Промени

Прејди на: содржини, барај

Ерархија

Додадени 4.268 бајти, 14:34, 4 април 2009
с
New page: {{никулец}} '''Иерархија''' (грч. ιερά и αρχή - свето управување или власт), е способност за исполнување, пок...
{{никулец}}
'''Иерархија''' (грч. ιερά и αρχή - свето управување или власт), е способност за исполнување, покажување на благодатта потврдена преку хиротонија (грч. χειροτονία - полагање на рацете, ракоположување); видлив орган на Црквата, продолжувач на Христовата искупителска и спасителна дејност која има власт да раководи со Црквата, како божествена институција. Темелот на новозаветната иерархија го поставил Самиот [[Господ Исус Христос]], при повикувањето на дванаесетте апостоли и нивното посветување во тајните на Неговото учење. Нивното посветување се случило преку слегувањето на [[Светиот Дух]] врз нив на денот на Педесетница во облик на пламени јазици, од кои „се симна по еден на секој од нив (Дап 2,3). Во ликот на апостолите Христос ја востановил ерархијата и на неа ги доверил сите благодетни средства. Противењето на поредокот, односно на иерархијата, е противење на Христовата волја.

==Црковна ерархија==

Суштински, иерархијата е власт на вршење на [[Свети Тајни|Светите Тајни]], кој се заснова на светотаинскиот [[харизматизам]]. Таа власт и служење се однесува на свештенодејство, пастирство и учителство. Според потеклото и облиците на свештенството, иерархијата во Црквата се дели на:

*иерархија на хиротонија (ракополање)
*иерархија на јурисдикција (управа)
*иерархија на хиротесија (ракопроизведување)

===Иерархија на хиротонија===

Иерархијата на хиротонија (хиротонија е тајна во која со молитва и полагање на раце на еден или повеќе [[епископ]]и се посветуваат свештенослужителите и се поставаат во определени парохии или Епархии) произведува три степени на хиротонисани свештенства: ѓаконски, презвитерски и епископски.

==Неколку блиски термини==

* ерарх (грч. ιεράρχης) - архиереи (грч: ό άρχιερεύς): Епископ, Митрополит, Архиепископ и Патријарх - највисок чин на тричлената Црковна иерархија
* ереј (грч. ιερεύς): свештеник кој свештенослужи откако бил раколоположен од архиереи: извршува Свети Тајни, го проповеда Евангелието, принесува дарови
* иероѓакон (грч. ιεροδιάκονος), ѓакон со монашки завет, односно монах-ѓакон
* иеромонах (грч. ιερομόναχος), монах со свештенички чин, односно монах-свештеник
* иеросхимонах (грч. ίεροσχημοναχός), свештеник од монашките редов - иеромонах кој примил голема схима
* митрополит (грч: Μητροπολίτης), црковен великодостојник со епископски чин; како архиереј има поголема чест од епископот
3.103
уредувања

Прегледник