[[Слика:Ephrem_the_Syrian.jpg|right|frame|Свети Ефрем Сирин]]
'''Великопостната молитва на [[свети Ефрем Сирин]]''' (грчки: Εὐχή τοῦ Ὁσίου Ἐφραίμ, Euchē tou Hosiou Ephraim) е молитва која се припишува на Свети Ефрем Сирин која најчесто се употребува за време на Великиот [[пост]]. Се смета дека во неа најјасно се содржи духот на Великиот пост и токму затоа, како молитва за постот пар екселанс се кажува два пати во [[Литургија на претходно осветени дарови|Литургијата на претходно осветени дарови]] од понеделник до петок, и многу често во секојдневието во постот, приватно. Историски, постојат две верзии на оваа молитва - грчка и словенска.