Промени

Прејди на: содржини, барај

Свети Климент Охридски

Додадени 2.959 бајти, 13:52, 5 август 2008
с
нема опис на уредувањето
'''Свети Климент Охридски''' е најдаровитиот ученик на рамноапостолните сесловенски браќа Кирил и Методиј. Живеел во втората половина на IX век и првата четвртина на X век. Со своите уши тој ги слушал нивните божествени евангелски зборови и со своите очи ги гледал нивните богоозарени ликови и евангелски дела.
== Житие == Свети Климент се родил околу 840 година некаде во Македонија. Некои историчари сметаат дека се родил во Солун, или во неговата околина, а тоа го поврзуваат со фактот дека уште како млад бил повикан од Светите браќа Кирил и Методија во нивната мисија (што значи дека најверојатно живеел во нивна близина). Подоцна, тој учествувал и во преведувањето на светите богослужбени книги од грчки на црквенословенски јазик. Заедно со светите браќа отпатувал во Панонија и Моравија, каде живо учестувал во мислијата за словенска богослужба и словенско Православие. Бил еден од истакнатите учители на младенците од Моравија и Панонија, кои се подготувале за свештеници и ѓакони. По смртта на своите свети учители, под притисок на Германците, а по Божја промисла, заедно со другите ученици (Горазд, Наум, Сава и Ангелариј - заедно наречени Петочисленици од Моравија тргнале на југ, како гостин при бугарскиот кнез кнезот [[свети Борис Михаил]] и потоа дошол во охридскиот крај, за да го учи својот народ на божјите вистини. Таму св. Климент прво основал [[манастир]] во Белица, кај што му било и првото епископско седиште. Подоцна се преселил во Охрид и оттаму развил голема архипастирска и просветителска дејност за целата поблиска и подалечна околина. Неуморно одел од село до село, од град до град и на разбирлив народен јазик со своите боговдахновени проповеди го разгонувал мракот од умот и срцата на своите сонародници. Често говорел за тоа дека нема добродетелен христијански живот без чисто верско-догматско учење и дека најчистото догматско учење не е спасоносно ако не е проследено со богоугоден добродетелен живот. Првото го споредувал со слепец кој има раце и нозе, а второто со човек што има раце и нозе, а нема очен вид. Во Охрид Свети Климент му подигнал црква на [[Свети великомаченик Пантелејмон|Свети Пантелејмон]].
Бидејќи бил свесен за тоа оти со својот жив говор може да допре само до своите слушатели, а не до целиот народ и генерациите што ќе дојдат по него, тој основал универзитет во Охрид, прв од таков вид не само на Балканот, туку и во целиот тогашен словенски свет. Низ оваа висока просветна богословска институција, во текот на триесет години, поминале околу 3.500 ученици, на кои им биле откриени длабоките вистини на [[Свето Писмо|Светото Писмо]] и на Светото Предание. Никој никогаш не го видел Св. Климент да се одмора, туку напротив - постојано бил зафатен со работа: на едни им ги покажувал буквите, на други им ја држел раката при пишувањето, а на трети им ја објаснувал длабоката смисла на напишаното. Честопати вршел и две работи одеднаш: и деца учел, и книги пишувал. Поголемиот дел од своето време го употребувал за [[молитва]] и богомислие. Тој знаел, а и другите постјано ги учел, дека мрзливоста е мајка и учителка на секое зло. Особено настојувал да ја искорени мрзливоста, да ги навикне луѓето на работа, да ги скроти и спитоми жестоките срца, да ги приведе кон покајание и да ги исполни со вистинско знаење за Бога и за блажениот живот на праведниците во царството небесно. Неговиот труд не останал без плод: учениците негови напредувале и во знаење, и во добродетелен живот.
Неговата слава сѐ повеќе растеше растела и гласот за овој голем духовник и проповедник се слушал на далеку. Затоа бил хиротонисан за прв [[епископ]] словенски. Тогаш ги зголемил уште повеќе своите грижи и трудови за доброто и душевното спасение на своите духовни чеда. Во неговото житие се вели дека не им давал сон на своите очи, ниту дремка на своите веѓи. Учел и дење и ноќе, утврдувајќи ги верните во вистините на христијанската вера и богоугодие. Се грижел и за телесната храна на сиромашните, вдовиците и сираците. Напишал беседи на сите неделни и празнични денови на прост и јасен јазик, така што секој можел да ги разбере вистините кои ги учел.
Се трудел педесет години во извршувањето на Божјото дело и вршел чуда и за време на земниот живот. После големиот труд и верната служба на Бога, се упокоил мирно во Охрид, на 9 август 916 година. Господ го прославил со светителски ореол. Неговите земни остатоци станале чудотворни [[мошти]], од кои по Божја благодат се лекуваат низ векови многу телесно и душевно болни кои пристапуваат со вера и љубов. Неговите мошти се чуваат во охридската црква „Свети Климент“ - „Света Богородица“ - Перивлептос во Охрид.
Свети Климент е закрилник и патрон на македонскиот народ низ целата негова историја. Тој е патрон на Македонската Православна Црква, на Македонската Православна Богословија и Богословскиот факултет, како и на голем број просветни и научни институции во нашата земја. На него се посветени и голем број новоизградени цркви и манастири во европските и прекуокеански земји.
 
== Дела ==
 
Покрај црковните и педагошките дејности, особено учителско проветителски, Свети Климент развил и богата книжевна дејност. Автор е на многу поучни и похвални слова како похвалата на Кирил Филозоф, похвалата на пророкот Захариј и св. Јован Крстител, за свети Кирил и Методиј итн. Но, во неговото творештво преовладуваат поучителните слова кои се однесуваат на општохристијанските светители: Св.Ѓорѓи, Св.Тома, Св.Антониј, потоа слова посветени на Пресвета Богородица и слова посветени за настаните од животот на Господ Исус Христос.
 
Св. Климент бил и првиот епископ словенски со титула епископ велички.
 
* Похвала на Кирил Филозоф
* Похвала на словенските учители Кирил и Методиј
* Од опширното житие на Кирил Филозоф
* Од опширното житие на архиепископот моравски Методиј
* Похвално слово на бестелесните Михаил и Гаврил
* Похвално слово за четиридневниот Лазар
* Беседа за блудниот син
 
==Беседа за блудниот син==
: со знаменија си ја осветлил темнината.
: Поради тоа го славиме твојот божествен спомен, Клименте.
 
== Видете исто така ==
 
* [[Свети Наум Охридски]]
* [[Свети солунски и сесловенски браќа Кирил и Методиј]]
== Надворешни врски ==
* [http://mpc.org.mk/Kalendar/prolog.asp?id=1641 Од Прологот на страницата на МПЦ]
* [http://www.m-p-c.org/Istorija/Sv-Kliment.htm Од старата страница на АКМПЕ МПЦ]
* [http://www.mpc.org.mk/MPC/istorija.asp Историја на МПЦ]
* [http://www.soros.org.mk/konkurs/019/i43.htm Икона на Св. Климент Охридски од црквата св. Богородица Перивлептос]
* [http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B8_%D0%9A%D0%BB%D0%B8%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%82_%D0%9E%D1%85%D1%80%D0%B8%D0%B4%D1%81%D0%BA%D0%B8 Статија за св. Климент Охридски на Википедија]
* [http://www.pravoslavieto.com/life/11.25_sv_Kliment_Ohridski.htm Св. Климент Охридски (бугарски јазик)]
[[Категорија:Светци]]
[[Категорија:Македонски светци]]
3.103
уредувања

Прегледник