Свети Баташки новомаченици

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Свети Баташки Новомаченици се новоканонизирани бугарски православни новомаченици кои маченички загинаа за православната вера за време на Баташкото колење во пролетта 1876 година.

Житие

Во житието се запазени само некои од имињата на баташките маченици - тоа се ѕверски убиените локални свештеници Петар и Нејчо, великомаченик Трендафил Керелов, кој жив вил испечен на клада, задржани се имињата и на некои од убиените - Иван, Илија и други. Во житието наведена е и една случка за време на Баташкото колење:

"- Три зборови, попе, ќе ти кажеме. Ако ги исполниш попе нема да те заколат. Ќе ли се, папаз, потурчиш?

Поп Петар смело одговорил:

- Главата ја давам, вера не давам!

Турците му ја отсекле главата. "

Баташките маченици најпрво се канонизирани за светци од непризнаената Бугарската старостилна православна црква на 17 мај 2006 година. Првата икона посветена на нив, е насликана во манастирот Св. Голема кнегиња Елисавета во Етна, Калифорнија, САД специјално за канонизацијата во 2006 година.

На седница на Светиот Синод на Бугарската Православна Црква во март 2011 година исто така се решава да се канонизираат за светци Баташките новомаченици. На 3 април 2011 година во храмот „Свети Александар Невски“ во текот на Света Литургија, отслужена од неговата Светост Бугарскиот патријарх Максим, новите бугарски маченици, убиени во 1876 година во црквата во Батак се канонизирани и од Бугарската православна црква. Со одлука од 30 мај 2011 година на Светиот Синод на Руската Православна Црква споменот на Баташките новомаченици ќе се слави со споменот на русите Новоселски маченици.