Шаблон:Цитат

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Тогаш се наѕира прашањето: „Зошто Бог нè создал така трагично слободни, трагично одговорни - толку тежок товар кој постојано го положуваме пред нозете на идоли и искушувачи?“ При што великото Христијанско Предание одговара еднодушно: „Бог нè создал слободни оти нè повикува на обожување, до една богочовечка состојба каде нашата преобразена човечност ќе ја најде својата полнота. Овој повик побарува слободно огласување. Заедништво резултирано од малпроста магнетна сила би било автоматско, инстинктивно, невредно за личностно искуство кое, при посакување заедништво, побарува севкупна одговорност. .. Токму затоа, конечно, кога Бог ја зеде на Себе судбината на Исаака и Јова Се објави во тајна, така што само преку слободната љубов на човештвото може да Биде препознаен како распнат Роб, извалкан со крв и плунка. Дури и воскреснатиот Господ не ја присилува Својата присутност; преку плачот на вера и љубов Марија Магадлена Го препозна во градината, и возљубениот ученик на езерскиот брег. Нашиот Бог доаѓа тајно, и самата Црква, каде сме соединети преку Духот во евхаристиското тело на воскреснатиот Христос е тајна чија светост е сокриена од нас преку наносот на историјата. Можеме вистински да Го љубиме Бога само поради тоа што можеме да Го одбиеме.“

Оливие Клеман