Шаблон:Featured

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Во најопшта смисла есхатологијата е — учење за „последните нешта“, за конечните судбини на светот и човекот. Самиот терминот есхатологија потекнува од грчкиот збор „есхатос“, што значи „последен“, а исто така и „крај“, „крајна граница“.

Од една страна, есхатологијата кажува за тоа, дека светот како космос, како животно пространство на човекот, без оглед на неговата изопачена состојба, не е туѓ за христијаните. Христијаните не смеат да бегаат од светот, во кој дошол Божјиот Син за да го спаси. Токму во светот Црквата, која е Телото Христово, ја има својата мисија. Тоа е мисија за просветување и осветување на светот. „Не молам, Ти да ги земеш од светот – говори Спасителот за Своите ученици во Првосвештеничката молитва, — туку да ги зачуваш од злото” (Јн. 17. 15). Христијаните не смеат да потонуваат во апокалиптичките очекувања на скориот Крај на историјата, заборавајќи го својот долг и повик во историјата на овој свет. Но, од друга страна, есхатологијата кажува за тоа, дека судбината и повикот на човекот не се ограничува со престојот во овој свет, каде што, во крајна сметка, победува смртта. Зашто, смртта веќе е победена со Воскресението Христово. И таа победа ќе восторжествува по крајот на овој свет, кога Господ кој дошол во слава ќе Му го предаде Своето Царство на Бог и Отецот (1 Кор. 15. 24). И тогаш ќе се јават Новото небо и Новата земја — каде што живее правдата.

Како резултат на гревопадот, човекот отпаднал од Бога. Сепак, Бог кој е богат со милост, не го презрел Своето создание и сè извршил заради нас и заради нашето спасение — сè до тоа, што го дал Својот Еднороден Син, за секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот (Јн. 3. 16). Тој вечен живот, приготвен за Христовите верни, настапува веднаш по есхатолошкото завршување на битието на „овој свет“. во Никео-Цариградскиот Символ на верата оваа есхатолошка вистина е изразена во форма на надежта на секој христијанин: „Го чекам воскресението на мртвите и животот на идниот век“. повеќе