Разлика помеѓу преработките на „Шаблон:Featured“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
с
(Промена на избрана статија)
Ред 1: Ред 1:
Во '''Светото Писмо''' или '''Библијата''' (Библија, од грч. βιβλια, „книга“) е собрана Божјата објава запишана во збирка на книги пишувана преку вековите од избрани, праведни луѓе, свети пророци и апостоли, вдахновени од Светиот Дух. Таа е дар од Севишниот со цел да ни го открие Својот вечен план за спасението на човечкиот род преку верата во Неговиот Син, Исуса Христа. Токму затоа Библијата е најважната книга што ја поседува човештвото.
+
Во најопшта смисла есхатологијата е — учење за „последните нешта“, за конечните судбини на светот и човекот. Самиот терминот есхатологија потекнува од грчкиот збор „есхатос“, што значи „последен“, а исто така и „крај“, „крајна граница“.
  
Светото Писмо претставува историја на нашето спасение или постапен развој на Божјиот план за искупувањето и спасението на човекот преку два завета. Ни кажува сѐ што треба да знаеме за Бога, за човекот и за неговото обожување. Писмото е збор Божји упатен до секој човек.  
+
Од една страна, есхатологијата кажува за тоа, дека светот како космос, како животно пространство на човекот, без оглед на неговата изопачена состојба, не е туѓ за христијаните. Христијаните не смеат да бегаат од светот, во кој дошол Божјиот Син за да го спаси. Токму во светот Црквата, која е Телото Христово, ја има својата мисија. Тоа е мисија за просветување и осветување на светот. „Не молам, Ти да ги земеш од светот – говори Спасителот за Своите ученици во Првосвештеничката молитва, — туку да ги зачуваш од злото” (Јн. 17. 15). Христијаните не смеат да потонуваат во апокалиптичките очекувања на скориот Крај на историјата, заборавајќи го својот долг и повик во историјата на овој свет. Но, од друга страна, есхатологијата кажува за тоа, дека судбината и повикот на човекот не се ограничува со престојот во овој свет, каде што, во крајна сметка, победува смртта. Зашто, смртта веќе е победена со Воскресението Христово. И таа победа ќе восторжествува по крајот на овој свет, кога Господ кој дошол во слава ќе Му го предаде Своето Царство на Бог и Отецот (1 Кор. 15. 24). И тогаш ќе се јават Новото небо и Новата земја — каде што живее правдата. [[Есхатологија|повеќе]]
 
 
Библијата се дели на два канона: Стар и Нов Завет (завет = сојуз). Стариот Завет претставува Божји договор , завет, сојуз на Бога со Израелот и е припрема за потполната Божја објава и исполнување на Неговото ветување, и Новиот Завет, запечатен со крвта на Божјата Реч, Синот Божји, Господ Исус Христос. Двата канона заедно се напишани од повеќе од четириесет Божји избраници во продолжен временски период од 1 400 години. Во неа има 77 книги.
 
 
 
За Христијаните и Стариот Завет и Новиот се исти по значење. Новиот Завет претставува исполнување на Стариот во кого пак се дадени пророштвата за Месијата, и историјата на Божјото откровение на луѓето. Во Новиот Завет се опишани земниот живот на Нашиот Спасител Господ Исус Христос, Неговите чуда и востанувањето на Христијанската Црква и нејзиниот развиток во првите векови на Христијанството. Секој православен Христијанин е должен секојдневно да го чита Светото Писмо. Тоа претставува сигурен патеводител во животот и најсилна одбрана од демоните и искушенијата. [[Свето Писмо|повеќе]]
 

Преработка од 21:49, 31 март 2008

Во најопшта смисла есхатологијата е — учење за „последните нешта“, за конечните судбини на светот и човекот. Самиот терминот есхатологија потекнува од грчкиот збор „есхатос“, што значи „последен“, а исто така и „крај“, „крајна граница“.

Од една страна, есхатологијата кажува за тоа, дека светот како космос, како животно пространство на човекот, без оглед на неговата изопачена состојба, не е туѓ за христијаните. Христијаните не смеат да бегаат од светот, во кој дошол Божјиот Син за да го спаси. Токму во светот Црквата, која е Телото Христово, ја има својата мисија. Тоа е мисија за просветување и осветување на светот. „Не молам, Ти да ги земеш од светот – говори Спасителот за Своите ученици во Првосвештеничката молитва, — туку да ги зачуваш од злото” (Јн. 17. 15). Христијаните не смеат да потонуваат во апокалиптичките очекувања на скориот Крај на историјата, заборавајќи го својот долг и повик во историјата на овој свет. Но, од друга страна, есхатологијата кажува за тоа, дека судбината и повикот на човекот не се ограничува со престојот во овој свет, каде што, во крајна сметка, победува смртта. Зашто, смртта веќе е победена со Воскресението Христово. И таа победа ќе восторжествува по крајот на овој свет, кога Господ кој дошол во слава ќе Му го предаде Своето Царство на Бог и Отецот (1 Кор. 15. 24). И тогаш ќе се јават Новото небо и Новата земја — каде што живее правдата. повеќе