Шаблон:Featured

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Рожденство на Господ Исус Христос, или кратко - Рожденство Христово е еден од најголемите Христови празници на Светата Православна Црква, кое се слави на 25 декември (7 јануари). Во целовременоста на Своето постоење, нашиот Господ Исус Христос беше роден, воплотен од Светиот Дух и Пресвета и Вечнодева Богородица Марија, откривајќи му се на човештвото. Според Светото Писмо и Светото Предание, Христос беше роден пештера во Витлеем, меѓу пастири. Во тоа време пристигнаа тројцата мудреци од Исток, водени со чудесна ѕвезда, со своите дарови: злато, ливан и измирна. Тие на Младенецот Му се поклонија како на Цар над царевите и Го даруваа со своите дарови (Матеј 2).

Христовото раѓање го викаме и Божик. Во утробата на Пресвета Богородица Марија, Синот Божји, Логосот, ја прими нашата човечка природа, стана тело. Оваа Божја посета и милост и љубов кон нас, луѓето, ја нарекуваме Овоплотување. На овој начин се исполнува пророштвото дека «И ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе го наречат Емануил, што значи: со нас е Бог!» (Иса. 7,14). повеќе