Шаблон:Featured

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Исихазам (или паламизам, грч. ἡσυχασμός) е аскетско Православно учење, движење кое дошло до израз особено во 14 век, и кое е органски поврзано со личноста на свети Григориj Палама (нему свeтата Православна Црква му ја посветила втората недела од Великиот пост), долго време заборавено во Македонија, а под влијание на западната литература понекогаш било дури и презирано. Дефининирањето на исихазмот е поврзано со контроверзи, при што некои сакале да го прикажат дури и како “болен мистицизам” на минатото. Молитвената традиција на исихазмот е тесно поврзана со теологијата на нестворените божествени енергии и непосредното созерцување на Бога. Темелите можат да се најдат и во словото на Евангелието „Царството Божјо е во вас внатре“ (Лк. 17,21), или како што вели светиот апостол Павле, „Молете се постојано!“ (1Сол. 5,17)

Зборот „исихија“ буквално значи “Mир”, “Мирување”, “Тишина”. Меѓутоа, кај православните подвижници означувало нешто многу повеќе и имало подлабока смисла. Она што го карактеризира човекот и светот во кој живее, е постојаниот немир и променливост. повеќе