Шаблон:Featured

Од Православна-енциклопедија
Преработка од 07:58, 1 октомври 2007; направена од Iacovibus (разговор | придонеси) (Избрана статија за октомври)
Прејди на: содржини, барај

Света Литургија (гр. λειτουργια, лат. ministerium, officium, јавна служба, служење или јавно дело, свештеничка служба во храм), во современиот Православен речник Литургијата има потесно значење и со неа се именува чинот на евхаристичка служба, или чин на Светата Тајна на Тајните – Света Евхаристија или Свeта Причест. Таа е основна и обврзителна дејност на Црквата. Како молитва, ова богослужение се разликува и е пред сите други молитви. Божествената Литургија е црковно дејство на собраните од Бога за служење, за молитва, за слушање на Словото, за поучување во заповедите Божји, за предавање на себеси во благодарност на Бога Отецот и за стекнување на живо искуство на Неговото Царство преку Светата Причест на Неговиот Син, Кој со Светиот Дух веќе присуствува во нас.

Во секој смисол, Литургијата е празник на верата, прославување на дарот на познанието на Пресветата Троица и повторена потврда на новиот живот кој доаѓа од Троичниот Бог. Како што самиот св. Василиј Велики вели: „Патот кон богопознанието се вознесува од едниот Дух преку едниот Син кон едниот Отец. Истовремено, природната добрина, неразделната светост и царското достојание доаѓа кон нас од Отецот преку едниот Единородниот Син кон Духот.“ Секое богослужение - како лично, така и заедничко, е упатено на Отецот преку Синот во Светиот Дух, Кој заедно со нашите духови сведочи дека сме Божји деца, сонаследници Христови, и повикуваме „Аваа, Оче!“ (Рим. 8,15-17) (повеќе)