Разлика помеѓу преработките на „Шаблон:Featured“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ред 1: Ред 1:
[[Image:John the Theologian.jpg|right|thumb|Свети Јован Богослов, Апостол и Евагелист]]
+
[[Image:Covered Vessels 2.jpg|десно|thumb|200px|Дискос и путир]]
  
'''Свети Јован Богослов''', [[апостол]] и [[евангелист]], девственик и ученикот кој [[Господ Исус Христос|Христос]] го љубеше, е заведеев син, и син на Саломија, ќерка св. Јосиф Целомудрен. Споменот на овој „син на молњата“ се слави на денот на неговото упокојување, 9 октомври (26 септември ст.ст.). Поради тоа што секоја година од гробот на свети апостол и евангелист Јован излегувал мек прав, кој верните го собирале, и од него се случиле голем број на излекувања, Црквата го слави и споменот на овие чуда на свети Јован Богослов на 21 мај (8 мај ст. ст.). Поради посведочениот огнен и жртвен идеал на Христијанската љубов, овој апостол е наречен „Апостол на љубовта“, а поради неискажаните височини на неговата богословска мисла доделен му е орелот како иконографски символ на неговата теологија во која се откриваат Божјите тајни. Воедно, тој е и првиот богослов на Православната Црква (еден од тројцата, при што другите двајца се [[свети Григориј Богослов]] и [[свети Симеон Нов Богослов]]).
+
'''Светата Евхаристија''' (грч: Θεία Ευχαριστία, Κοινωνία) во Православното Предание се вика [[Свети Тајни|Тајна на Тајните]] или Тајна на Црквата, кој која сѐ води, и од која сѐ произлегува. Таа е срце на црковниот живот, извор и цел на сите црковни учења и установи, и без не Христијанството е незамисливо. Светите Отци на раната Црква ја сметаат Евхаристијата за најважен и основен дел на Црковнотото собрание, затоа што таа дава значење и смисол на сите богослужби. Во потесен смисол, во Црквата ја означува благодарствената молитва пред осветувањето на лебот и виното во текот на [[Света Литургија|Литургијата]].  
  
Јован Богослов бил повикан, заедно со неговиот постар брат Јаков да биде апостол од самиот Христос, повик кој тие веднаш го прифатиле и пошле по него. По прифаќањето на овој повик. светиот апостол никогаш не се делел од својот Учител, и постанал еден од тројцата апостоли кои биле посебно блиски со него; тој бил присутен при воскреснувањето на јаировата ќерка, како и светото Преображение на планината Таор. На [[Тајната Вечера]], Јован стоел веднаш до Христос, полагајќи ја својата глава на Неговите гради. Потоа, Го следел Учителот во Гетсеманската градина, од каде Христос бил одведен во дворот на првосвештениците, и од таму, на судот па на Голгота. Сето тоа време, свети Јован Богослов бил покрај својот Учител, жалејќи Го и полакувајќи Го со сето свое срце.
+
Зборот евхаристија значи благодарење. Општото значење на Евхаристијата како господова трпеза е благодарење на Бога во Христа и [[Бог Свет Дух|Светиот Дух]], за сè што Тој направил во создавањето, спасението и прославување на светот.
  
Покрај Крстот, тој стоел заедно со [[Пресвета Богородица|Богородица]], слушајќи ги зборовите на Распнатиот Господ, упатени кон Богомајката: „Жено, еве ти син.“ И кон него: „Еве ти мајка“ (Јован 19,26-27). Од тој момент, светиот апостол, како сакан син, се грижел за Пресветата Богородица Марија, и нејзе и служел до нејзиното Успение.
+
Со воплотувањето на Бога Логосот, Христос е најочигледната единствена стварност и вечна радост. Преку слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на денот на Педесетницата, Црквата е таа која станува Тело Христово. Токму во тој контекст, Исус Христос е совршената Евхаристија, затоа што во полнотата на благодарноста Се принесол Себе на Бога, еднаш за секогаш. Преку принесувањето на нашиот леб и вино пред Господа, верните остваруваат жива средба со Живиот и Воскреснат Христос.  
  
[[Свети Јован Богослов|повеќе]]
+
Евхаристијата во Православната црква е сфатена како вистинско Тело и вистинска Крв Христова. Така, јадејќи го лебот и пиејќи го виното коишто се мистично осветени со Светиот Дух, имаме вистинско соединување со Бога преку Христа којшто самиот се нарекува Леб на животот (Јован 6.34,41).
 +
 
 +
[[Света Евхаристија|повеќе]]

Преработка од 10:00, 10 јуни 2009

Дискос и путир

Светата Евхаристија (грч: Θεία Ευχαριστία, Κοινωνία) во Православното Предание се вика Тајна на Тајните или Тајна на Црквата, кој која сѐ води, и од која сѐ произлегува. Таа е срце на црковниот живот, извор и цел на сите црковни учења и установи, и без не Христијанството е незамисливо. Светите Отци на раната Црква ја сметаат Евхаристијата за најважен и основен дел на Црковнотото собрание, затоа што таа дава значење и смисол на сите богослужби. Во потесен смисол, во Црквата ја означува благодарствената молитва пред осветувањето на лебот и виното во текот на Литургијата.

Зборот евхаристија значи благодарење. Општото значење на Евхаристијата како господова трпеза е благодарење на Бога во Христа и Светиот Дух, за сè што Тој направил во создавањето, спасението и прославување на светот.

Со воплотувањето на Бога Логосот, Христос е најочигледната единствена стварност и вечна радост. Преку слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на денот на Педесетницата, Црквата е таа која станува Тело Христово. Токму во тој контекст, Исус Христос е совршената Евхаристија, затоа што во полнотата на благодарноста Се принесол Себе на Бога, еднаш за секогаш. Преку принесувањето на нашиот леб и вино пред Господа, верните остваруваат жива средба со Живиот и Воскреснат Христос.

Евхаристијата во Православната црква е сфатена како вистинско Тело и вистинска Крв Христова. Така, јадејќи го лебот и пиејќи го виното коишто се мистично осветени со Светиот Дух, имаме вистинско соединување со Бога преку Христа којшто самиот се нарекува Леб на животот (Јован 6.34,41).

повеќе