Промени

Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Featured

Додадени 8 бајти, 15:43, 15 август 2008
нема опис на уредувањето
Апостолите, восхитени, не знаеле што да прават. И, како што се запишано во [[Свето Писмо|Светото Писмо]], Петар Му се обратил на Христа и Му рекол: „Господи, добро ни е да бидеме овде; ако сакаш да направиме три сеници: една за Тебе, за Мојсеј една, а една за Илија.“ Но додека Петар уште говорел, се оддалечиле Мојсеј и Илија и сјаен облак ги опфатил Господ и учениците и дошол глас од небото: „Овој е Мојот возљубен Син, Него послушајте Го.“ Откако го слушнаале овој глас учениците паднале земјата како мртви и останале така додека Господ не им пришол и им рекол: „Станете и не бојте се“ (Матеј 17).
На [[икона]]та на празникот Преображение, Христос е централен лик, појавувајќи се со доминантна поставеност во кружна мандорла. Се наоѓа јасно во визулениот и богословскиот центар на иконата. Десната рака Му е крената и со неа благословува, а во левата држи завиткан лист. Мандорлата, со сјајните нијанси на бела, златна и сина ја претставува божјата слава и светлина. Ореолот околу Христовата глава е испишан со зборовите O on, со значење „Оној Кој Е“. [[Свети пророк Илија ]] и Мојсеј се поставени на два посебни висини, лево и десно од Христос. Се поклонуваат пред Него, со десната рака подадена кон Него, како гест на застапување и потврдување. Како што учи [[свети Јован Златоуст]], на оваа икона се насликани токму тие двајца, за да ги символизираат Законот (Мојсеј) и Пророците (Илија), живите и мртвите.
[[Преображение на Господ Исус Христос|повеќе]]
3.103
уредувања

Прегледник