Разлика помеѓу преработките на „Шаблон:Featured“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
с
Ред 1: Ред 1:
'''Исихазам''' (или паламизам, грч. ἡσυχασμός) е аскетско Православно учење, движење кое дошло до израз особено во 14 век, и кое е органски поврзано со личноста на свети Григориj Палама (нему свeтата Православна Црква му ја посветила втората недела од Великиот пост), долго време заборавено во Македонија, а под влијание на западната литература понекогаш било дури и презирано. Дефининирањето на исихазмот е поврзано со контроверзи, при што некои сакале да го прикажат дури и како “болен мистицизам” на минатото. Молитвената традиција на исихазмот е тесно поврзана со теологијата на нестворените божествени енергии и непосредното созерцување на Бога. Темелите можат да се најдат и во словото на Евангелието „''Царството Божјо е во вас внатре''“ (Лк. 17,21), или како што вели светиот апостол Павле, „''Молете се постојано!''“ (1Сол. 5,17)
+
Рожденство на Господ Исус Христос, или кратко - Рожденство Христово е еден од најголемите Христови празници на Светата Православна Црква, кое се слави на 25 декември (7 јануари). Во целовременоста на Своето постоење, нашиот Господ Исус Христос беше роден, воплотен од Светиот Дух и Пресвета и Вечнодева Богородица Марија, откривајќи му се на човештвото. Според Светото Писмо и Светото Предание, Христос беше роден пештера во Витлеем, меѓу пастири. Во тоа време пристигнаа тројцата мудреци од Исток, водени со чудесна ѕвезда, со своите дарови: злато, ливан и измирна. Тие на Младенецот Му се поклонија како на Цар над царевите и Го даруваа со своите дарови (Матеј 2).  
  
Зборот „исихија“ буквално значи “Mир”, “Мирување”, “Тишина”. Меѓутоа, кај православните подвижници означувало нешто многу повеќе и имало подлабока смисла. Она што го карактеризира човекот и светот во кој живее, е постојаниот немир и променливост. [[Исихазам|повеќе]]
+
Христовото раѓање го викаме и Божик. Во утробата на Пресвета Богородица Марија, Синот Божји, Логосот, ја прими нашата човечка природа, стана тело. Оваа Божја посета и милост и љубов кон нас, луѓето, ја нарекуваме Овоплотување. На овој начин се исполнува пророштвото дека «И ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе го наречат Емануил, што значи: со нас е Бог!» (Иса. 7,14). [[Рождество Христово|повеќе]]

Преработка од 16:49, 31 декември 2007

Рожденство на Господ Исус Христос, или кратко - Рожденство Христово е еден од најголемите Христови празници на Светата Православна Црква, кое се слави на 25 декември (7 јануари). Во целовременоста на Своето постоење, нашиот Господ Исус Христос беше роден, воплотен од Светиот Дух и Пресвета и Вечнодева Богородица Марија, откривајќи му се на човештвото. Според Светото Писмо и Светото Предание, Христос беше роден пештера во Витлеем, меѓу пастири. Во тоа време пристигнаа тројцата мудреци од Исток, водени со чудесна ѕвезда, со своите дарови: злато, ливан и измирна. Тие на Младенецот Му се поклонија како на Цар над царевите и Го даруваа со своите дарови (Матеј 2).

Христовото раѓање го викаме и Божик. Во утробата на Пресвета Богородица Марија, Синот Божји, Логосот, ја прими нашата човечка природа, стана тело. Оваа Божја посета и милост и љубов кон нас, луѓето, ја нарекуваме Овоплотување. На овој начин се исполнува пророштвото дека «И ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе го наречат Емануил, што значи: со нас е Бог!» (Иса. 7,14). повеќе