Разлика помеѓу преработките на „Шаблон:Featured“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
с
(промена на избрана статија)
Ред 1: Ред 1:
'''Црквата''' е наречена Тело Христово и Невеста Христова во [[Свето Писмо|Светото Писмо]]. Црквата се споредува и со свет храм Божји и се нарекува столб и тврдина на вистината. Црквата е една зашто Бог е еден и затоа што и Христос и Светиот Дух се едно. Може да постои само една Црква, а не многу. И таа една црква, затоа што нејзиното единство зависи од Бога, Христа и Духот, не може никогаш да се разбие.
+
Во Светото Писмо или Библијата (Библија, од грч. βιβλια, „книга“) е собрана Божјата објава запишана во збирка на книги пишувана преку вековите од избрани, праведни луѓе, свети пророци и апостоли, вдахновени од Светиот Дух. Таа е дар од Севишниот со цел да ни го открие Својот вечен план за спасението на човечкиот род преку верата во Неговиот Син, Исуса Христа. Токму затоа Библијата е најважната книга што ја поседува човештвото.
  
Така, според православното учење, Црквата е неделива; луѓето можат да бидат во неа или надвор од неа, но не можат да ја делат; Црквата е востановена со слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на [[Педесетница|Светата Педесетница]]. Според православното учење, единството на Црквата е слободно човеково единство во вистината и љубовта Божја. Ваквото единство не го донесол некој човечки авторитет или правна сила, туку самиот Бог. Православните христијани веруваат дека во Православната црква секогаш постоела можност за потполно учествување во Црквата Божја и дека само гревовите и погрешните човечки избори ([[ерес]]ите) ги поставувале луѓето надвор од оваа заедница. Православните сметаат дека кај неправославните христијански групи постојат извесни препреки, кои се различни во различните групи, и кои, ако луѓето ги прифатат и се поведат по нив, го спречуваат нивното совршено единство со Бога.
+
Светото Писмо претставува историја на нашето спасение или постапен развој на Божјиот план за искупувањето и спасението на човекот преку два завета. Ни кажува сѐ што треба да знаеме за Бога, за човекот и за неговото обожување. Писмото е збор Божји упатен до секој човек.  
  
Единството на Црквата не се нарушува ни со времето, ни со просторот и не е ограничено само на оние што живеат на земјата. Единството на црквата е единство на Триблажената Троица и на сите оние кои живеат со Бога: светите [[ангели]], упокоените праведници и оние кои живеат на земјата според Христовите заповеди и по силата на Светиот Дух. [[Православна Црква|повеќе]]
+
Библијата се дели на два канона: Стар и Нов Завет (завет = сојуз). Стариот Завет претставува Божји договор , завет, сојуз на Бога со Израелот и е припрема за потполната Божја објава и исполнување на Неговото ветување, и Новиот Завет, запечатен со крвта на Божјата Реч, Синот Божји, Господ Исус Христос. Двата канона заедно се напишани од повеќе од четириесет Божји избраници во продолжен временски период од 1 400 години. Во неа има 77 книги.
 +
 
 +
За Христијаните и Стариот Завет и Новиот се исти по значење. Новиот Завет претставува исполнување на Стариот во кого пак се дадени пророштвата за Месијата, и историјата на Божјото откровение на луѓето. Во Новиот Завет се опишани земниот живот на Нашиот Спасител Господ Исус Христос, Неговите чуда и востанувањето на Христијанската Црква и нејзиниот развиток во првите векови на Христијанството. Секој православен Христијанин е должен секојдневно да го чита Светото Писмо. Тоа претставува сигурен патеводител во животот и најсилна одбрана од демоните и искушенијата. (Свето Писмо|повеќе)

Преработка од 22:25, 14 март 2008