Разлика помеѓу преработките на „Шаблон:Цитат“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
 
(Не се прикажани 2 меѓувремени преработки од истиот корисник)
Ред 1: Ред 1:
Оти, со ништо друго смртта не е уништена, и прародителскиот грев не е простен, и адот не е опустошен, и воскресението не е дарувано, и сила нам не ни е дадена да го презреме сето она што е сегашно, па дури и самата смрт, и со ништо друго не е остварено искачувањето кон некогашното блаженство, и портите рајски не се отворени, и нашата природа не е седната на десната страна на Бога, и не сме постанале чеда и наследници Божји, отколку со Крстот на нашиот Господ Исус Христос. Сето тоа е остварено преку Крстот. Оти, ''сите кои во Христа се крстивме'', вели Апостолот, ''во смртта Негова се крстивме'' (Рим 6,3). ''Зошто, вие кои во Христа се крстивте, во Христа се облековте'' (Гал 3,27). Христос, пак, е Божја сила и Божја премудрост (1 Кор 1,24). Но, видете, смртта Христова, односно Негово Распетие нѐ облече во ипостасната мудрост и сила Божја.  
+
Сите вистини на Православието се изведуваат од една вистина и се сведуваат на едната вистина, безгранична и вечна. Таа вистина е Богочовекот Христос. Ако до крај ја проживеете било која вистина на Православието, ќе мора да пронајдете дека нејзиното срце е – Богочовекот Христос. Всушност, сите вистини на Православието не се ништо друго, освен – различни варијанти на едната Вистина: Богочовекот Христос. Православието е Православие со Богочовекот. И со ништо друго и никој друг. Оттука, второто име на Православието е – Богочовештво. Во него ништо не бива според човекот и од човекот, туку сè доаѓа од Богочовекот и бива според Богочовекот. А тоа значи: основната, вечната вистина на животот и светот, човекот ја доживува и осознава само со помошта од Богочовекот, во Богочовекот. Уште нешто: потполната вистина за човекот, за целта и смисолот на неговото постоење, човекот ја дознава единствено низ Богочовекот. Без Него и надвор од Него нема вистински човек, оти човекот е вистински човек само со Богочовекот и во Богочовекот. Надвор од Него човекот се претвора во привидение, во страшило, во бесмислица. И наместо човекот, вие наоѓате отпадоци од човекот, одломки од човекот, касаји од човекот. Оттука, единствено во богочовештвото е вистинското човештво. И нема друго под небото.
  
''„Правилно излагање на Православната вера“ 4,11''
+
Православието е Православие со Богочовекот. И ние, православните, исповедувајќи Го Богочовекот, посредно ја исповедаме и христоликоста на човекот, неговото божествено потекло, неговата божествена возвишеност, а со тоа и божествената вредност и неприкосновеност на човечката личност. Всушност, борбата за Богочовекот е борба за човекот. Не хуманистите, туку луѓето на Православната богочовечка вера и живот се борат за вистинскиот човек, боголикиот и христоликиот човек.
  
'''[[Свети Јован Дамаскин]]'''
+
'''[[Св. Јустин Ќелиски]]'''

Последна преработка од 15:10, 11 февруари 2013

Св. Јустин Ќелиски