Промени

Прејди на: содржини, барај

Стар Завет

Додадени 3.457 бајти, 09:30, 22 декември 2011
Канонот на Стариот Завет
Од XIII век пред Христа, кога живеел Мојсеј Боговидец, па до IV век пр.Хр. кога живеел пророкот Јоил, напишани се сите книги од кои е сочинет Стариот Завет, но не сите биле внесени во збирот на канонски книги. По преводот на [[Септуагинта]]та, кон средината на IV век, кога и последната книга на еврејскиот канон од еврејски била преведена на грчки јазик, александриските Евреи направиле збирка, додавајќи во неа и релативно поновни книги. Палестинските Евреи пак, напротив, сметале дека боговдахновеноста на авторите на свештените книги престанува со пророчките книги, односно со книгата на пророхот Малахија. Прашањето дали Ездра го дал последните збор за бројот на канонски книги било разгледувано на соборот на еврејските учители во Јамнија во 95 година по Христа.
Бројот на книги на Стариот Завет, според Јосиф Флавиј е 22 или 24 книги (2 Ездра 14,44-46) од еврејската Библија. Овој конвенционален број е постигнат со вбројувањето на 1 и 2 Книга Самуилова и 1 и 2 Царства како две книги, 12 мали пророци како една книга, Ездра-Немија и 1 и 2 дневник како по една книга (вкупно две), и додавањето на Книгата Рук Рут и Плачот Еремиинво Книгата Судии Израилеви, односно Книгата на пророк Еремија. За палестинските Евреи границите на канонот биле јасно определени. Еврејските заедници, пак, надвор од Палестина имале поеластичен пристап, и додека ја почитувале единственоста на Петтокнижието, на подоцнежните книги гледале значајно послободно.  
=== Поделба на книгите ===
 
Во еврејската Библија, книгите се делат на три дела. Првиот дел се нарекува Закон (Thora), или Пентатеух (грч. πεντάτευχος пет свитоци) или Петтокнижие, и ги содржи петте книги Мојсееви: Битие, Излез, Левит, Броеви и Второзаконие.
 
Вториот дел се нарекува Пророци (nevi'ini), и се дели на:
 
* рани пророци (nevi'im rišonim), кои всушност се историски книги: Исус Навин, Судии, 1-4 Царства
* подоцнежни пророци (nevi 'im aharonim), кои се пророчки книги во вистинскиот смисол на зборот, а кои повторно се делат на:
** големи пророци (nevi 'im gedolim), и тоа: Исаија, Јеремиј, Езекиил и Даниил и
** мали пророци (nevi 'im ketavim), 12 на број: Осиј, Јоил, Амос, Авдиј, Јона, Михеј, Наум, Авакум, Софониј, Агеј, Захариј и Малахиј.
 
Третиот дел се нарекува Списи (khethuvim) и ги содржи сите оние книги кои ги нема во претходните два дела; тоа се, воглавно, поучни книги, и тоа: Псалми, Изреки Соломонови, Јов, Песна над песните, Рут, Плач Еремиин, Проповедник, Ездра, Даниил, Естир, Неемија, и 1 и 2 Летописи.
 
Во нашите библиски прирачници, овие книги од Стариот Завет се делат на: законски, историски, поучни и пророчки.
 
* Законски: Петте книги Мојсееви
* Историски: Исус Навин, Судии Израилеви, Рут, 1-4 Царства (1-2 Самуилова и 1-2 Цареви), 1 и 2 Летописи, Ездра, Неемија и Естир.
* Поучни: Јов, Псалми, Изреки Соломонови, Песна над песните и Проповедник.
* Пророчки: Исаија, Јеремиј, Езекиил, Даниил и 12-те мали пророци.
 
=== Библиска наука ===
[[КатегоријаБиблиската наука, која вообичаено се нарекува Општ вовед во Свето Писмо, може да се подели на:Никулци]]историја на канонот, историја на текстовите, историја на преводите, и особено значајното поле ткн. типологија (учење за прасликите во Стариот Завет), како и историја на егзегезата.
[[Категорија:Свето Писмо]]
3.103
уредувања

Прегледник