Промени

Прејди на: содржини, барај

Старец Софрониј

Додадени 60 бајти, 20:27, 3 август 2009
с
Париз
Со доаѓањето на Сергеј во Париз, следеле изложби на неговите дела кои го привлекле вниманието на француските медиуми. Сепак, во срцето на младиот уметник сѐ повеќе растела фрустрацијата поради неможноста уметноста да ја изрази чистотата; и колку и да се трудел, Сергеј не можел да побегне од ова чувство. Во исто време, созреал и увидел дека рационалното знаење е немоќно да понуди одговор на прашањето на смртта.
Во 1924 Сергеј увидел дека Христовиот повик за возљубување на Бога со сето свое битие не е психолошко нешто, туку онтолошко; и дека оваа целосна љубов е единствениот начин за обраќање кон Бога; и дека љубовта мора да биде личносна. И токму таа година, на [[Велика Сабота]], тој се вратил во Православието. И таа вечер тој ја почувствувал силата на Несоздадената Светлина на толку силен начин, како што никогаш пред и после тоа нема да ја почувствува, што како резултат, се повлекол го имало неговото повлекување од уметноста, и ; веднаш после тоа станал еден од првите студенти на Православниот Богословски Институт „Св. Сергиј“ во Париз, каде професори му биле отец [[Сергеј Булгаков]] и [[Николај Бердјаев]]. И двајцата извршиле големо влијание во неговиот живот, но и двајцата умерено го одвратиле од себе, поради софиологијата (Булгаков) и анти-аскетизмот (Бердјаев). Во 1925, наоѓајќи дека формалното богословие не го исполнува, Сергеј заминува на [[Света Гора]] за да се замонаши.
=== Света Гора ===
3.103
уредувања

Прегледник