Плочата на која била испишана „Достојно ест“ при крајот на 10 век била пренесена во Цариград. Од тој момент оваа икона се смета за една од најголемите светињи и заштитничка на [[Света Гора]].
Интегралниот текст на теотокионот, откриен од светиот архангел Гавриил, и запишан на камена плоча со прст гласи:
:Достојно е навистина
:блажена да те нарекуваме, Богородице,
:секогашблажена и пренепорочна,
:и мајка на нашиот Бог.
:Почесна од Херувимите
:и неспоредливо пославна од Серафимите,
:Бога - Логосот девствено што Го роди -
:тебе - вистинската Богородица
:ние те величаме.
== Надворешни врски ==
* [http://orthodul.wordpress.com/2009/06/24/за-чудотворната-икона-достојно-ест/ За чудотворната икона Достојно ест, блог Orthodul]