Промени

Прејди на: содржини, барај

Седми вселенски собор

Додадени 1.902 бајти, 11:40, 17 февруари 2010
с
Историски околности
== Историски околности ==
 
Царот Лав III Исавриец во 727 година издал едикт со кој се забранува почитувањето на иконите и секое сликовито претставување на божеството. Потоа, поставува иконоборен патријарх, а од папата Григориј III, кој ги екскомуницирал иконоборците, ја одзема провинцијата Илирик, и ја предава под Цариградска јурисдикција. Неговиот наследник, Константин IV Копроним свикува (иконоборен) Собор во 754 година во Цариград, кој го осудува почитувањето на иконите и ги исклучува од Црквата оние кои ги почитуваат иконите, вклучително и [[свети Јован Дамаскин]], еден од најголемите бранители на теологијата на иконите.
 
Царот Лав IV Хазар бил противник на иконите, додека неговата жена, царица Ирина потајно ги почитувала. По неговото упокојување, таа била во можност да го спречи иконоборството кое траело околу педесет години. Тогашниот Патријарх Павле IV се повлекол сам, а за нов Патријарх бил избран многу наобразуван и побожен човек, лаикот Терасиј. Царица Ирина, со поддршка на Патријархот Терасиј и Римскиот Епископ Адријан I, го свикала Соборот во Никеја.
 
== Тек на Соборот ==
== Одлуки ==
3.103
уредувања

Прегледник