Промени

Прејди на: содржини, барај

Св. Јустин Ќелиски

Одземени 19 бајти, 15:18, 11 февруари 2013
с
нема опис на уредувањето
Благоје Поповиќ, подоцна авва '''Свети Јустин Ќелиски''' е современ ерудит, православен богослов и философ, и новопрославен преподобен исповедник на Црквата Христова. Неговиот спомен се слави на 14 јуни, на денот кога Православната Црква го слави и споменот на свети Јустин Философ.
== Житие ==
Роден е во Врање на 7 април (25 март по стар календар) 1894 година, од родителите Спиридон и Анастасија, чии предци водат потекло од македонското Свети Николе. Семејството Поповиќ со генерации било свештеничко, единствено таткото на Благоје бил само клисар. Благоје бил најмладото дете, а имал постар брат Стојадин и сестра Стојна. Како дете често со родителите одел кај светиот Прохор Чудотворец во Пчинскиот манастир и таму стоел на молитва и богослужби, а еднаш бил и личен сведок кога со божествената сила на Светителот неговата мајка Анастасија добила чудесно исцеление од тешка болест. За длабоката побожност на својата мајка и самиот подоцна често кажувал, а од неговите белешки е објавен и потресен запис за блаженото преставување на праведната „слугинка Божја Анастасија – Воскресничка, мојата бесмртна дародавателка“.
По завршувањето на Богословијата „Свети Сава“ во Белград, во јуни 1914, Благоје сакал да прими монашки потстриг, на сите отворено велејќи им дека сака целиот свој живот да Му го посвети на Бог, за да биде што поблиску до Него и до својот рано починат брат. Неговите родители се противеле на оваа желба и на сите начини се обидувале да го спречат своето дете да стане [[монах]]. За време на Првата светска војна Благоје бил мобилизиран во „ученичката чета“ при Воената болница во Ниш. Подоцна неговата чета заедно со војската и свештенството се повлекла преку Албанија. Пристигнувајќи во Скадар, Благоје го молел патријархот Димитриј да го потстриже. Патријархот го дал својот благослов и Благоје станал монах Јустин, по светиот маченик Јустин Философ (2. век по Христос), голем апологет во историјата на христијанската патристика и значаен философ на христијанството. Тогашната власт ги префрлила со еден стар брод богословите до Бари, а потоа преку Париз тие пристигнале во Лондон, каде што ги прифатил јеромонахот Николај (Велимировиќ).
Од Англија, каде што со групата богослови бил привремено сместен, со благослов на српскиот патријарх Димитриј, Јустин се префрлил на Духовната академија во Петроград. Заради немирите кои надоаѓале, богословите во јуни 1916 година биле повлечени назад во Англија. Овде неговиот поранешен професор од Богословијата, светиот Николај (Велимировиќ), го запишал отец Јустин на Оксфорд. Тој таму до 1919 година ги поминал редовните студии по теологија, издржувајќи се сам а не од стипендиите на англиската влада, но диплома не добил бидејќи докторската теза „Религијата и философијата на Ф.М.Достоевски“ не му била прифатена. Имено, во дисертацијата тој остро го критикувал западниот хуманизам и антропоцентризам, особено оној во римокатолицизмот и протестантството, одбивајќи го барањето на своите англиски професори да ги ублажи и измени овие свои ставови.
3.103
уредувања

Прегледник