Промени

Прејди на: содржини, барај

Свето Благовештение

Нема измена во големината, 10:49, 7 април 2008
с
Свето Благовештение во Светото Писмо
== Свето Благовештение во [[Свето Писмо|Светото Писмо]] ==
<blockquote>''А во шестиот месец, Бог го испрати ангелот Гавриел во галилејскиот град, по име Назарет, при девица свршена за маж, по име Јосиф, од Давидовиот дом. А името на девицата беше Марија. И кога ангелот дојде при неа и рече: „Радувај се благодатна! Господ е со тебе, благословена си ти меѓу жените!” Таа се уплаши од тој збор и размислуваше: каков поздрав ќе биде тоа? Тогаш ангелот и рече: „Не бој се Марија, зашто си нашла милост пред Бога. И ете, ќе зачнеш и ќе родиш Син, и ќе Му го дадеш името Исус. Тој ќе биде голем и ќе се нарече Син на Сèвишниот. И Господ Бог ќе Му го даде престолот на Неговиот татко Давид. И ќе царува над Јакововиот дом довека, и Неговото Царство не ќе има крај.”А Марија му рече на ангелот: „Како ќе биде тоа, кога не знам за маж?” Ангелот одговори и ѝ рече: „Светиот Дух ќе дојде на тебе и силата на Сèвишниот ќе те осени; затоа Светото кое ќе биде родено од тебе - ќе се нарече Божји Син. И ете твојата роднина Елисавета, и таа зачна син во својата старост. И тоа е веќе шестиот месец за неа, која ја наречуваат неплодна. Зашто ниеден збор од Бога нема да остане без сила.” Марија му рече: „Еве ја Господовата слугинка, нека ми биде според твојот збор!” И ангелот си отиде од неа.''</blockquote>
: Евангелие според светиот апостол Лука (I, 26-38)
3.103
уредувања

Прегледник