Промени

Прејди на: содржини, барај

Светлино тивка

Додадени 1.926 бајти, 17:01, 4 февруари 2014
Богословска анализа
==Богословска анализа==
Текстот на ова небиблиско молитвословие е со созерцателен карактер. Од светлината на сонцето што заоѓа умот го насочува кон созерцувањето на Христа, Кој е Светлина Незгаслива и Незалезна. Токму Тој е наречен Светлина тивка - Светлина на славата на Бесмртниот Отец Небесен.  Во ова молитвословие нема прозби; тоа е срамежлив и смирен хвалоспев, израз на благодарење на оние што се молат за можноста да Го видат Христа, невечерната светлина и Сонцето на правдата, и тоа токму во моментот кога светот се потопува во ноќна темнина. Во химната се озложени основните моменти од христијанското богословие, и тоа: * [[тријадологија]] - песната се произнесува кон Отецот и Синот и Светиот Дух Бог.* [[христологија]] - Христос е наречен светлина на светата слава на Отецот, во склад со Никејскиот Символ во којшто е наречен Светлина од Светлина. * [[Категорија:Никулциеклисиологија]] - молитвата се принесува не само од името на присутните, туку од името на Црквата („гласовите на преподобните“, т.е. од гласовите на сите светии, не само живи, но и упокоени)* [[есхатологија]]- Христос се воспева „во сите времиња“. 
[[Категорија:Молитви]]
[[Категорија:Богослужби]]
3.103
уредувања

Прегледник