Промени

Прејди на: содржини, барај

Светлино тивка

Додадени 23 бајти, 16:40, 4 февруари 2014
с
Потекло и авторство
Молитвата „Светлино тивка“ за прв пат е забележана во Апостолските Установи кои датираат од доцниот трет и почетокот на четвртиот век по Христа. Сместена е во збирка на песнопенија за коишто авторот на Установите препорачува да се пеат наутро, навечер, пред јадење и при палењето на светилата. [[Свети Василиј Велики]] го спомнал ова молитвословие како дел од живото предание. Уште во негово време (средината и крајот на четвртиот век) оваа молитва се сметала за древна.
Имено, според едно предание, на Гробот Христов во Ерусалим стоело постојано запалено [[кандило]] кое чија светлина ја символизирала живата Христова Светлина. Христијаните се собирале околу Гробот, а химната „Светлино тивка“ се пеела при изнесувањето на свеќа запалена од кандилото на гробот, чијшто пламен ја повикувал Црквата да Го слави Господа воскреснатиот. Свете тихиј „Свете тихиј“ е првото целосно песнопение што може да се смета за такво во денешна смисла на зборот. Сочинето е од дванаесет ритмички стихови со по пет, шест, осум, девет, десет и единаесет самогласки.
Се верува дека свети Атиноген, кој се слави на 16 јули според стариот календар, а кој пострадал за време на диоклецијановите прогонства, на патот кон неговото губилиште ја испеал оваа песна. [[Икона]]та на којашто е прикажан овој светител ја доловува сцената на еден постар [[Епископ]] кој пее додека чека да биде погубен; раката на мачителот, пак, стои парализирана додека свештеномаченикот ја произнесува оваа последна своја молитва. Според неговиот [[мартириолог]], пак, тој бил „стар богослов, кој токму пред да вкуси мачеништво преку оган, испеа радосна песна, чиј запис им го остави на своите ученици“. Најверојатно се работи за епископ кој примил мачеништво заедно со неговите десет ученици во Севастија, Ерменија, околу 305 година по Христа. [[Свети Марко Ефески|Св. Марко Ефески]], врз основа на едно писмо на св. Василиј Велики упатено кон [[Свети Амфилохиј Икониски|св. Амфилохиј Икониски]], потврдува дека автор на оваа древна химна е св. Атиноген Севастиски.
Во словенските Часослови, пак, „Свете тихиј“ се припишува на св. Софрониј Ерусалимски († 644). Меѓутоа, самиот факт дека химната е присутна во Александрискиот кодекс од V век го потврдува спротивното. Анализата на содржината покажува дека химната во себе содржи [[Христологија|христолошки]] постулати дефинирани до ерата на Вселенските собори.
==Текст==
3.103
уредувања

Прегледник