Промени

Прејди на: содржини, барај

Свети Григориј Палама

Додадени 62 бајти, 20:17, 23 март 2008
с
нема опис на уредувањето
Императорот сакал момчето да се посвети себеси на државна служба, но Григориј, кога наполнил 20 години, отишол на Света Гора Атон и станал послушник во монастирот Ватопед, каде под раководство на преподобниот Никодим Ватопедски (спомен на 11 јули) тргнал по патот на подвижништвото и примил монашки постриг. По една година нему му се јавил во видение светиот евангелист Јован Богослов и му го ветил своето духовно покровителство. Мајката на Григориј и неговите сестри, исто така, примиле монаштво.
По преставувањето/упокоението на преподобниот Никодим, монахот Григориј поминал 8 години молитвен подвиг под раководство на старецот Никифор, а по неговото упокоение преминал во Лаврата на преподобен Атанасиј Атонски. Но, по три години, стремејќи се кон повисок степен на духовно совершенство, тој се населил во малата отшелничка обител Глосија. Настојателот на таа обител Григориј почнал да го учи момчето на сосредоточената духовна молитва — на умното делување, кое постепено се разработувало и се усвојувало од монасите, почнувајќи од големите пустиници на IV век. Потоа, откако во XI век, во трудовите на Симеон Нов Богослов (спомен на 12 март) надворешните молитвени облици на умното делување добиле подробно објаснување, тоа било усвоено од Атонските подвижници. Искуственото применување на умното делување, кое барало осамување и безметежност (безмолвие), го добило името [[исихазам ]] (од грч. исихиа = спокој, молчење), а оние што го практикувале исихазмот, почнале да се нарекуваат исихасти.
Заради опасноста од нападите на турците, свети Григориј заедно со браќата преминал во Солун (Тессалоники), каде што тогаш бил ракоположен во чин свештеник. Своите презвитерски обврски свети Григориј ги соединувал со отшелничкиот живот. Во сабота и недела пастирот излегувал меѓу народот — служел Богослужби и говорел проповеди. Понекгаш свети Григориј ги посетувал богословските собранија на градската образована младина. Тој собрал мала општина монаси –отшелници и раководел со неа пет години.
: но, бидејќи со умот стоиш пред Првиот Ум, кон Него нашиот ум, отче,
: води го, да повикуваме: радувај се, проповеднику на благодатта.
==Видете исто така==
* [[Исихазам]]
==Надворешни врски==
* [http://ortos.wordpress.com/2008/03/22/%d0%96%d0%b8%d1%82%d0%b8%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%b8%d1%82%d0%b5%d0%bb%d0%be%d1%82-%d0%93%d1%80%d0%b8%d0%b3%d0%be%d1%80%d0%b8%d1%98-%d0%9f%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d0%bc%d0%b0/|Блог Свиток]
* [http://www.mpc.org.mk/Kalendar/prolog.asp?id=2030|Од прологот на мпц]
3.103
уредувања

Прегледник