Промени

Прејди на: содржини, барај

Свети Григориј Палама

Додадени 415 бајти, 22:26, 14 мај 2020
с
+pt
[[Image:Gregory Palamas.jpg|right|frame|Св. Григориј Палама]]'''Светителoт Свети Григориј Палама''', архиепископ Солунcки, заштитникот на православното учење за Божествената светлина, се родил во 1296 г., во Мала Азија. Во време на турската наезда семејството избегало во Константинопол и нашле прибежште на дворецот на императорот Андроник II Палеолог (1282–1328). Таткото на свети Григориј станал висок чиновник при императорот, но наскоро умрел. Андроник самиот го презел воспитувањето и образованието на момчето, кое било надарено со прекрасни способности и голема упорност.
== Житие ==
Императорот сакал момчето да се посвети себеси на државна служба, но Григориј, кога наполнил 20 години, отишол на Света Гора Атон и станал послушник во монастирот Ватопед, каде под раководство на преподобниот Никодим Ватопедски (спомен на 11 јули) тргнал по патот на подвижништвото и примил монашки постриг. По една година нему му се јавил во видение светиот евангелист Јован Богослов и му го ветил своето духовно покровителство. Мајката на Григориј и неговите сестри, исто така, примиле монаштво.
По преставувањето/упокоението на преподобниот Никодим, монахот Григориј поминал 8 години молитвен подвиг под раководство на старецот Никифор, а по неговото упокоение преминал во Лаврата на преподобен Атанасиј Атонски. Но, по три години, стремејќи се кон повисок степен на духовно совершенство, тој се населил во малата отшелничка обител Глосија. Настојателот на таа обител Григориј почнал да го учи момчето на сосредоточената духовна молитва — на умното делување, кое постепено се разработувало и се усвојувало од монасите, почнувајќи од големите пустиници на IV век. Потоа, откако во XI век, во трудовите на [[свети Симеон Нов Богослов ]] (спомен на 12 март) надворешните молитвени облици на умното делување добиле подробно објаснување, тоа било усвоено од Атонските подвижници. Искуственото применување на умното делување, кое барало осамување и безметежност (безмолвие), го добило името [[исихазам]] (од грч. исихиа = спокој, молчење), а оние што го практикувале исихазмот, почнале да се нарекуваат исихасти.
Заради опасноста од нападите на турците, свети Григориј заедно со браќата преминал во Солун (Тессалоники), каде што тогаш бил ракоположен во чин свештеник. Своите презвитерски обврски свети Григориј ги соединувал со отшелничкиот живот. Во сабота и недела пастирот излегувал меѓу народот — служел Богослужби и говорел проповеди. Понекгаш свети Григориј ги посетувал богословските собранија на градската образована младина. Тој собрал мала општина монаси –отшелници и раководел со неа пет години.
Во 30-ите години на XIV век во животот на Источната Црква се случиле настани, кои го поставиле светителот Григориј во редот со големите вселенски апологети на Православието.
Околу 1330 г. во Константинопол од Калабрија пристигнал учениот [[монах]] Варлаам. Наскоро Варлаам допатувал на Атон, таму се запознал со начинот на духовниот живот на исихастите и врз основа на догматот за недостижноста на Божјата природа, умното делување го нарекол еретичка заблуда. Варлаам влегол во спор со монасите и се обидувал да ја докаже создаденоста (тварноста) на [[Таворска Светлина|Таворската Светлина]]; при тоа тој не се засегал да ги исмејува расказите од монасите за молитвените примања и за духовните просветлувања.[[Image:Gregory Palamas Dionysiou.jpg|left|frame|[[Света Гора|Светогорска]] [[икона]] на Св. Григориј Палама]]
Светителот Григориј, заштитувајќи го учењето за Божествената Таворска Светлина, говорел: «Вообразените со световна и суетна мудрост не внимаваат на мажите кои се искусни во духовното учење, кога слушаат за Светлината, (со која засветли Господ на гората на Преображението и која што ја видоа Апостолите), мислат дека таа е нешто сетилно и створено…, иако Самиот Тој што засветли со Светлина на Тавор јасно покажа дека таа Светлина не е створена, нарекувајќи ја неа Божјо Царство (Мт. 16, 28)…
: но, бидејќи со умот стоиш пред Првиот Ум, кон Него нашиот ум, отче,
: води го, да повикуваме: радувај се, проповеднику на благодатта.
 
==Видете исто така==
* [[Исихазам]]
 
==Надворешни врски==
* [http://ortos.wordpress.com/2008/03/22/%d0%96%d0%b8%d1%82%d0%b8%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%b8%d1%82%d0%b5%d0%bb%d0%be%d1%82-%d0%93%d1%80%d0%b8%d0%b3%d0%be%d1%80%d0%b8%d1%98-%d0%9f%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d0%bc%d0%b0/|Блог Свиток]
* [http://www.mpc.org.mk/Kalendar/prolog.asp?id=2030|Од прологот на мпц]
 
[[ar:غريغوريوس بالاماس]]
[[en:Gregory Palamas]]
[[fr:Grégoire Palamas]]
[[pt:Gregório Palamas]]
[[ro:Grigorie Palama]]
11.779
уредувања

Прегледник