Промени

Прејди на: содржини, барај

Свети Василиј Острошки

Додадени 10.506 бајти, 22:11, 11 мај 2011
с
Надворешни врски
{{никулец}}
 
'''Свети Василиј Острошки''' е новојавен српски светител, чудотворец Острошки и Захумски. Неговиот спомен се празнува на 12 мај.
== Житие ==
[[Слика:Images_svvasilije.jpg|right|frame|Свети Василиј Острошки]]
Свети Василиј се родил во с. Мркоњиќ, Попово Поле во Хумската земја (денешна Херцеговина) на 28 декември 1610 година од благочестиви и верни родители, Петар и Анастасија Јовановиќ. Уште како дете се одликувал со бистар ум, а со душата бил целосно насочен кон Бога. Доблестите и набожноста младиот Стојан (тоа му било световното име) ги научил дома, бидејќи во неговото семејство постојано се мислело на Бога и спасението на душата, многу повеќе отколку на материјалните и пропадливи нешта. И макар што неговото семејство било доста сиромашнo, сѐ што имал бил учен да го сподели со другите, посебно кога како мало овчарче одел на пасење со другите деца. Уште како мал постел, се молел и редовно ги посетувал црковните богослужби.
 
Некои соседи, потурчени Срби, ги замразиле неговите родители, и таа омраза ја пренеле и врз нивното дете, поради неговата побожност. Тоа биле првите искушенија за младата душа, едно од првите со кои ќе треба да се справува низ целиот негов живот. За да го заштитат од непријателите, а и сакајќи да го описменат, неговите родители решиле да го испратат во најблискиот манастир, наречен Завала, посветен на Воведение на Пресвета Богородица, а во која игумен бил неговиот чичко Серафим. Манастирот бил познат низ цела Херцеговина и бил поприлично богат, и таму благоразумниот Стојан се поучувал со мудроста на [[Свето Писмо|Светото Писмо]] и светите отци, во душата му се распламтила во љубовта кон Бога, за прв пат јавувајќи се кај него желбата за замонашување. Во манастирот во Завала преподобниот останал некое време, и потоа заминал во манастирот Успение на Пресвета Богородица во Тврдош, во Требињскиот крај кој бил седиште на истоимената епархија. Живеејќи во овој манастир, Стојан уште повеќе го засакал монашкиот живот и ги зголемил своите подвизи, затоа што посакал токму таму да го прими светиот и ангелски монашки чин. Целото време го минувал во пост, молитва и бдение, и во телесен труд. На замонашувањето, го прима името Василиј. Ова име му служело како патоказ за идното подвижништво и епископство, да се угледа на големиот црковен ереј [[Свети Василиј Велики|Василиј Велики]].
 
После некое време преподобниот се удостоил за ѓаконски и свештенички чин, при што служел пред престолот и жртвеникот Божји побожно и чисто. Откако поседол во манастирот во Завала, се упатил во Црна Гора кај тогашниот митрополит цетињски Мардариј кој го задржал при себе. Но набрзо помеѓу нив се развило нетрпение поради латинското влијание, и одговорот кој требало да следи на истото. Имено, во тоа време, во западните краеви на Православието, зајакнала латинската папска пропаганда, која преку језуитите ја користела тешката положба во која се наоѓале народите кои живееле на тие простори сакала да ги преобрати и потчини под папска власт. На нивната подлост внимание обратил свети Василиј, кој му го посочил проблемот на митрополитот. Митрополитот, пак, за разлика од младиот ревнител, имал многу благ став кон унијатската пропаганда и обидите за латинизација воопшто. Благодарение на чистата и искрена вера, и приврзаноста кон Православието на светителот, православниот народ и свештенството од тие краишта не подлегнале на пропагандата. Св. Василиј го советувал митрополитот борбено да истапи против латинските обиди, и да не се плаши од ништо кога станува збор за одбрана на чистотата на Православната вера, ни митрополитот не го послушал, и напротив, започнал лажно да го обвинува пред народот. Народот не верувал на клеветите на митрополитот, но свети Василиј, сакајќи да се оддалечи од сето злобно окружување во кое се наоѓал, се вратил во манастирот во Тврдош, и таму продолжил со својата борба за зачувување на Православната вера кај верниот народ. И иако примил архимандритски чин, не престанал да оди по народот, да го поучува и поткрепува во неговите маки, сеејќи го Евангелското слово. Неговото дело не минало незапазено ниту од околните муслимани, кои ковале заговор против него и сакале да го убијат. За привремено да се заштити, светиот заминал во Русија, каде поминал некое време, за подоцна да се врати повторно во својот манастир. Враќајќи се од Русија, донел многу богати црковни дарови, свети одежди и црквени книги, а и по малку амтеријална помош за својот народ. Неговото ново, ктиторско делање по манастирите и црквите низ Херцеговина, за што ги охрабрувал и своите собраќа и свештеници, заедно со проповедањето, му создале нови непријатели помеѓу потурчените луѓе, како и латинските агенти. Сакајќи и овој пат да ја одбегне нивната злоба, решил да се упати на [[Света Гора]]. Се упатил кон Пеќ, каде што зел благослов од патријархот Пајсиј, кој пак го советувал да не остане на Атос, туку да се врати кај него, оти во него видел квалитетите какви што биле потребни за архиереј кој би требало да се носи со проблемите на обременетото стадо.
 
Свети Василиј заминал за Света Гора, каде останал цела година, посетувајќи различни манастири и поучувајќи се од светогорските подвижници. Сепак, најмногу време поминал во манастирот Хиландар. По враќањето од Атос, веднаш се јавил кај патријархот во Пеќ. Патријархот не сакал да губи време, и на празникот Преображение Господово го хиротонисал младиот Василиј за епископ Требињски на нецели триесет години. Враќајќи се во Тврдош, народот го пречекал со восхит и љубов, а тој продолжил со своите подвизи, во пост и молитва проповедајќи го Евангелието. Уште тогаш се пројавил како голем чудотворец и бил почитуван како светец. И не одел само тој кај народот, туку и самиот народ како река се сливал кон него, гледајќи во него голем утешител и молитвеник. Покрај милостињата која ја правел, започнал да ги возобновува светите манастири во неговата епархија. Набрзо после тоа, митрополитот источно-херцеговачки пострадал маченички, и свети Василиј бил поставен како негов наследник во таа митрополија. Но во тоа време, турските банди вршеле неред по херцеговачките цркви и манастири, и митрополитот бил принуден да го смени местото на подвизување. Намилсил да престојува во една келија под планината Заграча, но бил посоветуван од тамошните постари луѓе да се упати во Острог, што и го направил.
Свети Василиј се родил во сОд тоа место управувал со својата митрополија цели петнаесет години. МркоњиќТаму почнал да привлекува и други монаси и подвижници, Попово Поле во Хумската земја (денешна Херцеговина) обновувајќи ја црквата Воведение на 28 декември 1610 година Пресвета Богородица, изградена од благочестиви старите острошки подвижници, а подоцна подигнал и верни родители, Петар црква на Чесниот и Анастасија ЈовановиќЖивотворен Крст. Уште како дете се одликувал со бистар умЖивеел крајно испоснички, а со душата бил целосно насочен кон Бога. Доблестите и набожноста младиот Стојан (тоа му било световното име) ги научил дома, бидејќи во неговото семејство постојано се мислело исушено тело станало храм на Бога и спасението на душата, многу повеќе отколку Светиот Дух. Луѓето ја почувствувале чудесната моќ на материјалните неговите молитви и пропадливи нештаза тоа Го прославиле Бога. И макар што неговото семејство било доста сиромашни, сѐ што имал бил учен да го сподели Одржувал и постојани врски со другите, посебно кога како мало овчарче одел на пасење со другите деца. Уште како мал постел, се молел и редовно ги посетувал црковните богослужбипатријаршијата во Пеќ.
Некои соседиНеуморен во своите подвизи на молитва и пост, потурчени Срби, ги замразиле неговите родителифизички труд и работа, како и таа омраза ја пренеле грижејќи се за материјалните и врз нивното дете, поради неговата побожност. Тоа биле првите искушенија духовни добра за младата душасвојата паства, едно од првите со кои ќе треба да светителот се справува низ целиот негов приближил кон крајот на својот земен живот. За да го заштитат од непријателитеСе упокоил мирно, без болки предавајќи ја својата душа на Господа на 29 април 1671 година. Во часот на неговото претставување пред Бога, а неговата келија заблескала со нежеобична и сакајќи да го описменатнадземн светлост. Од карпата покрај која се упокоил израснала винова лоза, неговите родители решиле да го испратат иако во најблискиот манастир, наречен Завала, карпата немало ниту малку земја. Неговото тело било погребено под храмот посветен на светото Воведение на Пресвета Богородица, а во која игумен бил неговиот чичко СерафимМајката Божја. Манастирот бил познат низ цела Херцеговина Народот започнал да доаѓа да се поклонува и бил поприлично богатмоли на неговиот гроб, и таму благоразумниот Стојан се поучувал со мудроста на Светото Писмо и светите отци, у душата му се распламтила во љубовта кон Бога, за прв пат јавувајќи започнале да се кај него желбата за замонашувањеслучуваат многу чуда. Во манастирот во Завала преподобниот останал По некое време, и потоа заминал во манастирот Успение светителот се јавил на сон на Пресвета Богородица во Тврдошнекој свештеник, во Требињскиот крај кој бил седиште на истоимената епархијаи му рекол да го отвори неговиот гроб. Живеејќи во овој манастир, Стојан уште повеќе Овој не го засакал монашкиот живот и ги зголемил своите подвизипослушал, па затоа што посакал токму таму уште неколку пати свети Василиј му се јавувал на сон. Откако почувствувал дека треба да го прими светиот оди во Острог и ангелски монашки чин. Целото време да го минувал во стори тоа, свештеникот се упатил кон Острог; откако се дале на пост, молитва и бдениепосле седмиот ден го отвориле гробот, и во телесен труд. На замонашувањетого виделе неговото нетрулежно тело, го прима името Василијжолто како восок од кое излегувало благопријатна миризба на босилек. Ова име му служело како патоказ за идното подвижништво и епископствоТелото било пренесено во самата црква, да каде што се угледа на големиот црковен ереј [[Свети Василиј Велики|Василиј Велики]]наоѓа и денес.
== Химнографија ==
=== Тропар ===
: ''глас четврти''
: Од младоста целиот си се предал на Господа,
: престојувајќи во молитви, трудови и постење, оче богоносен;
== Надворешни врски ==
* [http://www.mpc.org.mk/Kalendar/prolog.asp?id=1361 Од Прологот на страницата на МПЦ]
* [http://www.bsn.org.yu/vasil3.htm Чудата на св. Васили Острошки]
[[Категорија:Српски светцисветители|Српски светители]]
3.103
уредувања

Прегледник