Промени

Прејди на: содржини, барај

Света Литургија

Додадени 23 бајти, 01:13, 18 февруари 2022
с
Исправена врска
{{Литургија}}
'''Света Литургија''' (гр. λειτουργια, лат. ministerium, officium, јавна служба, служење или јавно дело, свештеничка служба во храм), во современиот Православен речник Литургијата има потесно значење и со неа се именува чинот на евхаристичка служба, или чин на [[Свети Тајни|Светата Тајна]] на Тајните – [[Света Евхаристија]] или Свeта Причест. Таа е основна и обврзителна дејност на Црквата. Како молитва, ова богослужение се разликува и е пред сите други молитви. Божествената Литургија е црковно дејство на собраните од Бога за служење, за молитва, за слушање на Словото, за поучување во заповедите Божји, за предавање на себеси во благодарност на [[Бог Отец|Бога Отецот]] и за стекнување на живо искуство на Неговото Царство преку Светата Причест на Неговиот [[Господ Исус Христос|Син]], Кој со [[Бог Свет Дух|СветиотДух]] Дух веќе присуствува во нас.
Во секој смисол, Литургијата е празник на верата, прославување на дарот на познанието на Пресветата Троица и повторена потврда на новиот живот кој доаѓа од Троичниот Бог. Како што самиот [[Свети Василиј Велики|св. Василиј Велики]] вели: „Патот кон богопознанието се вознесува од едниот Дух преку едниот Син кон едниот Отец. Истовремено, природната добрина, неразделната светост и царското достојание доаѓа кон нас од Отецот преку едниот Единородниот Син кон Духот.“ Секое богослужение - како лично, така и заедничко, е упатено на Отецот преку Синот во Светиот Дух, Кој заедно со нашите духови сведочи дека сме Божји деца, сонаследници Христови, и повикуваме „Авва, Отче!“ (Рим. 8,15-17)
11
уредување

Прегледник