Промени

Прејди на: содржини, барај

Пресвета Троица

Додадени 9.298 бајти, 17:20, 25 декември 2013
с
нема опис на уредувањето
{{Вовед}}
{{никулец}}'''Пресвета Троица''' , Света Троица (грч. ΤριάςΑγία Τριάδα) е Единиот Бог во Три Лица. Православното учење за Света Троица не е само [[догма]]тски [[канон]] или теолошка област за разгледување, туку и основното изрично учење за неискажливата и несфатлива љубов на Трите Ипостаси[[Ипостас]]и: [[Бог Отец|Отец]], [[Господ Исус Христос|Син]] и [[Бог Свет Дух|Свет Дух]], Кои се творечка сепричина, извир, темел и центар на постоењето на сѐ што постои. Догмата за божеството на Троица е дефиниран на Вториот вселенски собор (Константинопол, 381 година) во првиот член (Отец), од вториот до осмиот член (Син) и во осмиот (Светиот Дух) член на Никео-Цариградскиот Символ на верата.
==Света Троица во Стариот Завет==
[[Image:Rublev Trinity.jpg|left|thumb|175px|Гостопримство Авраамово]]
Во Стариот Завет Бог, покрај својата исклучиво монотеистичка појава и објава, Се откривал и како Троица, но не директно и очигледно, туку нејасно, повеќе како сенка и праслика, праобраз на троичноста која на човештвото му се открива со Воплотувањето на втората Ипостас на Пресвета Троица. Тие нејасни сведоштва се запишани во Стариот Завет преку следните праслики:
==Учењето за Света Троица==
 
# Бог Е Еден во три Лица, една природа, една моќ, едно делување, една заедничка енергија во три ипостаси. Постои истоветност на природа, волја и делување, совршено и витинско во Бога. Трите ипостаси ја имаат истата природа, еднакво и совршено - и за тоа Троица не значи три божества (тритеизам), или три различни божествени природи, туку три лица (ипостаси) Божји. Истата природа ја поседуваат и употребуваат потполно и подеднакво сите Три Лица, но секое на Свој посебен начин.
# Бог, или единствената природа, не може да се замисли сама по себе, надвор од ипостасите на Троица. Ниту една од тие ипостаси не се замислува и не се именува без, или надвор од другите две. Свети Григориј Богослов вели дека „монадата“ се движи кон „дијада“ и запира на „тријада“, односно, по зборовите на [[Свети Григориј Синаит]]: „''Треба со набожност да ги исповедаме нероденоста, роденоста и исходењето, трите лични својства, неподвижни и непроменливи на Лицата на Пресвета Троица: Отецот, како нероден и беспочетен; Синот, како роден и беспочетен; Светио Дух, како исходен од Отецот, испратен преку Синот (како што вели Дамаскин) и совечен.''“ Во тоа движење на единството или монадите кон Троица, може да се направат следните разлики:
#* Отецот и извор на божеството (αρχη), нероден и со ништо непредизвикан, начело на сосуштественоста и непредизвикан почеток на делувањето.
#* Синот се раѓа од Отецот во вечноста, а преку Светиот Дух прима тело на човек и се јавува во светот. По Вознесувањето, своето присуство во светот го остварува во Светиот Дух
#* Светиот Дух исходи од Отецот, но во светот е даде, испратен, и се манифестира преку Синот.
#Преку единосуштноста се означува и единствената волја и единственото делување на Троица. Тоа не значи дека делува само Една од Ипостасите, туку Трите Ипостаси делуваат единствено, но секоја на Свој сопствен, личностен начин. Едната како Отец, другата како Син, а третата како Дух Божји. Светите отци користат различни формули за да го објаснат Троичното делување:
#*Свети Кирил Александриски вели дека секој дар доаѓа одозгора, од Отецот, преку Синот, во Духот Свет
#*Свети Григориј Чудотворец вели дека секое дело почнува од Отецот, проаѓа низ Синот, а се усовршува во Духот.
#*Свети Григориј Палама го превзема традиционалниот израз: од Отецот, низ Синот, во Светиот Дух.
# Делувањето „надвор“ од Бога, односно создавањето, спасението и осветувањето се заедничко дело на Света Троица, но тоа е поделено меѓу Трите Лица: создавањето се припишува на Отецот, Кој сѐ створил со Својата волја, низ Синот во Светиот Дух; искупувањето се припишува на Синот, Кој се овоплотил преку Светиот Дух, бивајќи послушен на Отецот; осветувањето, пак, на Духот, Кој доаѓа од Отецот, на молба на Синот. Во чинот на творење, Отецот е извор, Синот е граница, а Духот е постоење. Според свети Василиј Велики, „постои еден извор на сѐ што постои, кој создава низ Синот и води кон совршенство низ Духот.“ Бог е седржител и промислител на сѐ низ Синот во Духот Свет.
# Во внатрешноста на Троица постои меѓуипостасно движење, или „перихореза“, односно апсолутно заедничко и совршено исполнување кое има единствено начело. Трите Ипостаси не се три начела на божествената суштина, но тоа не значи дека природата и делувањето на Синот и Духот се непотполни: Синот е икона на невидливиот Бог (Кол 1,15). Не е возможно да се види иконата на невидливиот Бог без просветувањето од Светиот Дух, по зборовите на Василиј Велики. За Григориј Палама, ипостаста на Светиот Дух има личен разумен карактер, зашто љубовта на Отецот кон Синот, како личен однос, ипостазирана е во Светиот Дух. За свети Григориј Синаит, „Триипостасниот Бог има потполно неизмешана перихореза на Лицата меѓу себе.“
# Троичниот догмат бил предмет на првите Вселенски собори, а светотроичната теологија е истенчено дефинирана во истиот период, преку придонесот на кападокиските отци, кои заклучиле дека:
#* Трите испостаси на Троица имаат заедничка божествена суштина (υοσια)
#* Природата или естетството (φυσις) е стварност која сочинува битие
#* Лицето или ипостаста (υποστασις) е субјектот кој ја поседува и личносно ја прима таа природа
#* Ипостасните идиоми (ιδιοματα) се карактеристики, или лични својства на ипостасите
# Тајната на Троица останува недостижна. Многумина се обиделе да дојдат до претстава со која би ги надминале таканаречените логички контрадикции содржани во тврдењето „Еден Бог во три Лица“ или да најдат логички докази за тоа тврдење. На пример, за блажен Августин, решението за потврда на Троица во Бога, не негирајќи го бројното единство, е во набљудување на трите Лица како односи внатре во божествениот живот. Тие Троични односи би одговарале на односите на еден со самиот себе, односно со: сеќавање, дознавање и љубење. Самиот човек кој како единство го познава својот живот, дух и природа, има претстава за идентичноста на суштината и разликата во троичните односи.
 
== Надворешни врски ==
 
* [http://ortos.wordpress.com/2008/06/15/учењето-на-православната-црква-за-пре/ Блог Свиток, Учењето на Православната Црква за Пресвета Троица]
[[Категорија:Богословие]]
[[Категорија:НикулциИзбрани статии]][[el:Αγία Τριάδα]][[en:Holy Trinity]][[es:Santísima Trinidad]][[ro:Sfânta Treime]]
3.103
уредувања

Прегледник