Промени

Прејди на: содржини, барај

Преподобен Прохор Пчински

Нема измена во големината, 10:22, 1 ноември 2007
с
нема опис на уредувањето
Преподобен Прохор Пчињаки Пчискки е роден во првата половина на 11 век од побожни родители, Јован и Ана во околината на Овче Поле. Според [[житие]]то, Прохор многу рано ги изучи мудростите од книгите и во сѐ беше подобар од неговите врсници. Среде духовно восхитение тој заминал во Нагоричанската пештера (источно од Куманово) близу до денешниот [[манастир]] во Старо Нагоричане, каде го сретна ловецот Диоген. Гледајќи го, св. Прохор Пчињски му предвидел дека ќе биде цар, и му рече: „сети се на мене кога ќе бидеш цар“. Тоа се обвистинило, и ловецот навистина стана византиски цар Роман IV Диоген (1067-1071).
После тоа, пустиножителот Прохор се подвизувал триесет години на планината Козјак, во енда мала пештера. Тука и се претставил на Бога после шеесет и две години на испоснички живот.
После триесет години преподобен Прохор во сон се јавил на царот Диоген и го опомена со зборовите: „Зошто, Диогене, заборави на твоите пречесни одежди и на мене, старецот? Погрижи се барем мал храм да ми подигнеш.“ Царот го обзеде страв, и заедно со патријархот и придружбата појде во жеглиговскиот крај во Нагоричане да го бара старецот. Бидејќи тука не го најде, замина на планината Козјак. После многудневна потрага ја пронајдоа пештерата и во неа моштите на св. Прохор ПчињскиПчински. На тоа место царот издигна храм посветен на светиот апостол Лука, а десно од реката и храм посветен на преподобниот. Во истиот тој храм, десно од олтарот, ги положи и моштите на Прохор и од нив потече свето миро. Дел од моштите царот ги однесе во Цариград, дел на други места, а дел останаа во истиот храм, во манастирот.
За чудата кои овој преподобниот Прохор ги имал направено за време, а и после неговиот живот, постојат многу сведоштва, посебно за неговите чудотворни [[мошти]] од кои и ден денес истекува свето миро.
3.103
уредувања

Прегледник