Промени

Прејди на: содржини, барај

Преображение на Господ Исус Христос

Додадени 764 бајти, 15:34, 15 август 2008
с
нема опис на уредувањето
На [[икона]]та на празникот Преображение, Христос е централен лик, појавувајќи се со доминантна поставеност во кружна мандорла. Се наоѓа јасно во визулениот и богословскиот центар на иконата. Десната рака Му е крената и со неа благословува, а во левата држи завиткан лист. Мандорлата, со сјајните нијанси на бела, златна и сина ја претставува божјата слава и светлина. Ореолот околу Христовата глава е испишан со зборовите O on, со значење „Оној Кој Е“.
[[Свети пророк Илија]] и Мојсеј се поставени на два посебни висини, лево и десно од Христос. Се поклонуваат пред Него, со десната рака подадена кон Него, како гест на застапување и потврдување. Како што учи [[свети Јован Златоуст]], на оваа икона се насликани токму тие двајца, за да ги символизираат Законот (Мојсеј) и Пророците (Илија), живите и мртвите.
Под Христос се трите апостоли, кои се насликани според нивното доживување на тоа што го виделе. Јаков паднал наназад, со неговите раце затворајќи ги очите. [[Свети Јован Богослов|Јован]] е изнемоштен, во центарот; Петар коленичи и ја крева својата десна рака кон Господа, искажувајќи ја неговата желба да направи три сеници. Нивните одежди се несредени, за да се прикаже нивната потресеност од тоа што го виделе.
 
== Осветување на плодовите ==
 
На денот кога го празнува празникот Преображение, Црквата во склад со древнохристијанскиот обичај, во православните храмови врши осветување на вода и плодови, посебно грозје. Овој обичај е средишен обичај на осветување кој се врши во месец август - имено, на првиот ден од Успенскиот пост се осветува вода и мед, на Свето Преображение се осветува грозје, а на 29 август се осветуваат јаболка.
== Химнографија ==
3.103
уредувања

Прегледник