Промени

Прејди на: содржини, барај

Прв вселенски собор

Додадени 4 бајти, 13:43, 8 февруари 2010
с
нема опис на уредувањето
'''Првиот вселенски собор''', одржан во Никеја, Битинија (во денешна Турција), свикан од светиот цар Константин Велики во 325 год. е првиот Вселенски собор на Христијанската Црква. Од него произлегла првата унифицирано и општоприфатено христијанско и богооткриено учење. Со создавањето на Никејскиот [[Символ на верата]], преседан е создаден според кој за прв пат во историјата на Црквата е даден модел преку кој во иднина требало да бидат создавани догми и канонски доктрини.
Целта на Соборот била разрешување на несогласувањата кои се појавиле во Александриската Црква околу природата на [[Господ Исус Христос]] во однос на Неговата врска со [[Бог Отец|Отецот]], односно попрецизно – дали Господ Исус Христос има иста или слична природа на Бог Отецот. Св. Александар и св. Атанасиј ја завзеле првата позиција (дека Господ Исус Христос има иста природа со Бог Отецот), додека презвитер Ариј (од кого се развива и подоцнежното еретичко [[Аријанство]]) се залагал за второто тврдење. На овој собор било поддржано првото тврдење со огормно мнозинство (од сите присутни, само двајца гласале во полза на на презвитер Ариј). Другото решение кое било донесено на овој Првиот вселеснки собор се однесувало на датумот на славењето на [[Велигден]] (Пасха), најзначајниот празник во христијанскиот календар. На соборот било решено празнувањето да се случува првата недела после првата полна месечина од пролетната рамноденица, независно од библиското еврејско сметање на времето (квардодециманизам) и дал овластување на Александрискиот папа секоја година да го соопшти датумот на останатите архиепископи.
Првиот вселенски собор има и посебно историско значење затоа што претставува прв обид за донесување на одлуки преку консензус (соборно, католично) на претставници на сите христијански верници, и оттука е првиот пример на техничка христологија.
3.103
уредувања

Прегледник