Промени

Прејди на: содржини, барај

Недела на Чесниот Крст

Додадени 1.307 бајти, 21:00, 11 март 2010
с
Видете исто така
Оваа недела Црквата ја посветува на богооткриената вистина дека на Крстот [[Господ Исус Христос|Христос]] бил положен како „Божја сила и Божја Премудрост“ (1Кор 1,24). Оваа недела на средината на Велигденскиот пост крстот е поставен на средината на црквата, не само за да ги потсети верните на покајание и да ги поттикне во продолжувањето на подвигот, но и да ги потсети дека „кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене.“ (Матеј 10,38)
=== Историско значење ===
Историското значење, кое се согледува во химнографијата на оваа недела, е победата и радоста на крстот. Светите Отци го поистоверуваат живототворниот крст со дрвото на животот и токму затоа го „засадиле“ во средината на Великиот пост. Крстот е дрвото кое било посадено во рајската градина, и преку него верните се потсетуваат на благословеноста Адамова и неговото отпаѓање од неа.
=== Духовно значење ===
За ранохристијанските катихумени, духовното воздигнување за време на постот од оваа недела се менува: од личната вера и личните борби, кон Христа. Црквата од овој момент започнува да учи дека Христовиот Крст е тој кој спасува; човекот не може да го земе својот крст и да Го следи Христа, освен ако неговиот крст не е Христов, односно крстот кој го спасува човештвото. Земајќи учество во тоа дрво, човекот нема веќе да умре, туку вечно ќе живее.
Сето ова се прави за да се возобноват силите, и да се охрабрат оние кои го постат постот. Апостолот се чита од Посланието кон Евреите 4,14-5,6 и го објаснува Христовото свештенство, а Евангелието е Марково 8,34-9,1 и завршува со следните зборови: „''И им рече: “Вистина, ви велам: тука стојат некои, што нама да вкусат смрт, дури не го видат царството Божјо, дојдено со сила.''”
== Химнографија ==
=== Тропар ===
: ''глас четврти''
: Спаси ги Господи, Твоите луѓе и благослови го Твоето наследство;
: дарувај му на нашиот Православен народ победи над неприателот
: и чувај го со Твојот животворен Крст.
=== Кондак ===
: ''глас седми''
: Вратата на рајот повеќе не ја чува пламениот меч,
: зашто на негово место дојде крсното дрво; осилото на смртта отапе,
: и победата на адот се протера, зашто Ти си застанал пред него, мој Спасителе,
: викајќи им на оние во адот: Влезете пак во рајот.
 
== Видете исто така ==
* [[Синаксар на Третата седмица од Светиот Пост]]
* [[Велигденски пост]]
* [[Недела на Православието]]
* [[Недела на Свети Григориј Палама]]
 
== Надворешни врски ==
* [http://www.akmpe.org/index.php?option=com_content&task=view&id=168&Itemid=78 Отец Александар Шмеман, Недела Трета, „Велики пост“ АКМПЕ]
 
[[Категорија:Пост]]
[[en:Sunday of the Holy Cross]]
3.103
уредувања

Прегледник