Промени

Прејди на: содржини, барај

Недела на Света Марија Египетска

Додадени 4.036 бајти, 07:50, 20 март 2010
New page: '''Недела на Света Марија Египетска''' е петтата и последната недела на [[Велигденски пост|Велигденскиот ...
'''Недела на Света Марија Египетска''' е петтата и последната недела на [[Велигденски пост|Велигденскиот пост]]. Со неа започнува последната недела на Светата Четириесетница; се празнува споменот на [[Света Марија Египетска|преподобната Марија Египетска]], покајана блудница. После оваа недела доаѓа следи Цветната Недела, по што Црквата влегува во Страстната Седмица. Во четвртокот од оваа недела се чита целиот покаен канон на [[свети Андреј Критски]]. Доколку на тој ден се празнува Светото Благовештение, канонот се чита во понеделникот, истата седмица.

== Духовно значење ==
Духовното значење на оваа недела се согледува на три различни начини, од три аспекти:

* Прво, дека без разлика на големината на гревот и изопаченоста во минатото, ништо не може да го оддалечи човекот кој пребива во покајание од Троичниот Бог.
* Второ, Самиот Христос дојде за да ги повика грешниците на покајание и да ги спаси од нивните гревови (Лк. 5,32)
* Трето, преку примерот на преподобната Марија на верните им се укажува дека никогаш не е доцна во животот, (или во постот) вистински да се покајат.

Како што се чита во молитвите, Христос со радост ќе ги прими сите кои се каат, дури и оние кои се дојдени во единаесеттиот час (според познатата парабола од Евангелието).

== Химнографија ==
=== Тропар ===
: ''глас четврти''
: Силата на Твојот крст, Христе, направи чуда,
: така што некогашната блудница се оддаде на живот подвижнички.
: И покрај нејзината слабост, таа на ѓаволот му се спротивстави храбро.
: Затоа, носејќи ја наградата за победата, се моли за душите наши.
=== На преподобната ===
: ''глас втори''
: Душевните замки и телесните страсти
: со мечот на воздржанието си ги посекла;
: грешните помисли си ги задушила со молкот на
: аскетскиот живот, а со твоите солзи пустината си ја
: напоила и си ни израснала плодови на покајанието.
: Затоа твојот спомен го празнуваме.
=== Кондак ===
: ''глас трети''
: Порано исполнета со секакви блудни дејства, сега
: со покајание се покажа Христова невеста; ангелскиот
: живот подражавајќи го, со оружјето на крстот
: демоните ги погубува. Поради тоа се покажа невеста
: на Царството, Марие преславна.

=== Надворешни врски ===
* [http://www.akmpe.org/index.php?option=com_content&task=view&id=273&Itemid=96 Света Марија Египетска, АКМПЕ ]
3.103
уредувања

Прегледник