Промени

Прејди на: содржини, барај

Корисник:Iacovibus

Додаден 4.151 бајт, 15:52, 23 јули 2007
Создавање на корисничка страница
== Почеток==

Јас сум Милан и сум сисоп администратор на македонската локализација на Православната енциклопедија OrthodoxWiki. Доколку имаш било какво прашање, слободно можеш да ме исконтактираш преку мојата [http://www.mk.orthodoxwiki.org/Разговор_со_корисник:Iacovibus разговорна страна]. Исто така, слободно може да ми испратиш елетронска пошта преку Е-mail this user врската која се наоѓа во кутијата со алати (toolbox) во долниот лев агол, или пак директно да ми пишеш или контактираш на gtalk на следната адреса: jakovcevski @ gmail.com.

== Мотиви ==

=== a ===
„Кога умот се наоѓа во Бога, тој најпрвин, поради пламена љубов, бара да ја разбере Неговата суштина, но наоѓа утеха не во познанието коешто е во Бога, затоа што тоа е невозможно и подеднакво недостижно за секое создадено суштество, туку во познанието на она што е околу Него, како што се вечноста, бескрајноста, благоста, премудроста, сетворечката, сепромислувачка и судителна сила. И во Него, само тоа е постигливо за секого, зашто Тој е беспределен и самото спознание на Неговата неспознатливосте знаење што го надминува умот, како што негде рекоа богословите св. Григориј и св. Дионисиј.

''Св. Максим Исповедник''

=== б ===
„За трудот на полето на Православието да вроди со плод, потребно е да избереме тесна, речиси непроодна патека, со молитва и солзи, и тогаш да го расчистуваме патот пред себе. Кога имаме премногу слобода, пари, избор и идеи, премногу лесно гледаме на работите. Зарем не треба тогаш да Му благодариме на Господа за патењето и искушенијата - затоа што само во нив е нашата надеж?!“

''Отец Серафим Роуз''

== Псалм 22 ==

Господ е Пастир мој, ништо нема да ми недостасува,

Он ме пасе на плодни пасишта и ме води на тихи води,

ја поткрепува душата моја, ме води по патот на правдата

заради името Свое. Кога би тргнал и по долината на смртна

сенка, нема да се исплашам од злото, зашто Ти си со мене;

Твојот жезал и Твојата палка ме успокојуваат.

Си приготвил пред мене трпеза на очиглед на непријателите мои,

си ја помазал главата моја со елеј; и чашата твоја

ме напојува со блаженство. И милоста Твоја така да ме придружува

преку сите денови на мојот живот, и јас ќе престојувам

во домот Господов многу дни.

== Мои ==

[http://mk.orthodoxwiki.org/Корисник:Iacovibus/Wiki_To-Do To Do Список]

[http://molitva.blogspot.com Мојот блог Молитва]

[http://iacovibus.blog.com.mk Мојот приватен блог]
3.103
уредувања

Прегледник