Промени

Прејди на: содржини, барај

Икона

Нема измена во големината, 19:01, 1 септември 2007
с
нема опис на уредувањето
[[Image:Cyril_and_Methodius.jpg|right|thumb|Св. Кирил и Методиј]]
Како сликовна претстава иконата може да има истористаисториска, естетска и ареолошка карактеристка, но таа не припаѓа на сакралната уметност, туку на Црковното богослужење, заедно со Светото Писмо и Светите Тајни. Таа не е некој украс, туку визуелно соопштување на невидливата Божја стварност, манифестирана во времето и просторот. За Православната теологија, темелот на иконата или символичното прикажување е вистинско Овоплотување на Синот Божји: „[[И Логосот постана тело]]“ (Јован 1,14). Иконата е последица на Овоплотувањето, затоа што е Христос „''Икона на Богот невидлив''“ (Кол 1,15).
Со помош на бои, облици и линии, низ еден јазик на симболичен реализам, сликарски израз единствен во својот род, ни се открива духовната состојба на човекот спасен во вечноста на Царството Небесно. Човекот – храм Божји. Внатрешниот ред и мир во духовниот живот, за кој сведочат Светите Отци, се пренесени на иконата со спокојни и хармонични потези. Сето тело на светителот, сите детали и поединости, дури и косата, брчките, наборите на облеката и се што го опкружува, се е обединето и доведено до највисоко согласие. Во тоа се состои видливото прикажување на победата врз внатрешната делба и збрка во паднатата човечка природа, во процесот на очистување и преобразување на страстите, до обожение. Содржината на иконата претставува вистински духовен патоказ за животот во Црквата, особено за молитвата. Таа на еден автентичен начин, ослободен од стеснетоста на поимите и зборовите, не учи каков став треба да завземеме во духовниот живот.
3.103
уредувања

Прегледник