Промени

Прејди на: содржини, барај

Икона

Одземени 82 бајти, 14:58, 27 август 2007
с
отстранување слика
==Иконите во историјата на Црквата==
[[Image:Cyril_and_Methodius.jpg|right|thumb|Св. Кирил и Методиј]]
Црковниот став кон култот на иконите постепено се искристализирал низ повеќе етапи. Орегон и Тертулијан не зборуваат во прилог на иконите, ниту пак тоа го прави Јевсевије Кесарински (263-339), кој сепак признавал дека видел икони кои ги претставуваат Христос и Апостолите. Во тоа време актуелна била дебатата околу автентичниот лик Христов. Така на пример, првите икони на кои е прикажан ликот на Исус Христос Го претставуваат како млад маж без брада. Дури потоа е прифатена иконата каде Тој е прикажан со брада и долга коса. Овој факт треба да се има в предвид кога се говори за функцијата која иконите ја имаат. Истовремено (додека иконите не биле униформирани) се развила контроверзна дебата околу тоа кој начин на Негово прикажување треба да биде општоприфатен. Првиот, или „семички“ начин Го претставувал Христос со кратка коса; вториот начин, пак, Го прикажувал Христос со брада и долга коса, разделена на половина.
Во овој период, исто така, за прв пат се споменува и иконата на Пресвета [[Пресвета Богородица]]; како автор на оваа икона Теодор Лектор во неговата Историја на Црквата го посочува [[Апостол Лука]]. Бројот на икони чие авторство се припишува на овој Апостол во иднина ќе се зголеми.
[[Св. Василиј Велики]] ја споредува функцијата на општење кон иконата со функцијата на зборовите: Њшто е зборот за слушање, тоа е иконата за видот“. [[Св. Јован Златоуст]] вели дека иконата е гаранција на стварноста, видливо Овоплотување на Бога. [[Св. Јован Дамаскин]], пак, ја одредил теологијата на иконата во нејзината класична форма. За него иконата почива на фактот на вселување на човековата природа во ипостасот на Логосот. На крај, со [[Седми вселенски собор|Седмиот вселенски собор]] (Никеја, Витинија, 788г.) повикан против иконоборството, со придонес на Патријархот Тарасија (784-806г.) го одредува православното учење за иконографското претставување на Христос, Мајката Божја, ангелите и светителите.
== Црковни канони за иконите ==
3.103
уредувања

Прегледник