Промени

Прејди на: содржини, барај

Вознесение Христово

Додадени 37 бајти, 22:13, 25 мај 2008
с
нема опис на уредувањето
== Значење ==
Откако по Неговото воскресение светите апостоли и жените мироносици Го видоа, Христос го изврши сето она што беше потребно за спасение на човечкиот род, и дошло времето да Се врати кај [[Бог Отец|Отецот]]: на земјата ја покажа љубовта Божја, со страданијата и жртвата го искупи човекот, а со воскресението покажа дека и смртта е победена, давајќи му ветување за вечен живот на човекот. На тој начин се открива Христовата икономија за човекот: Вознесувањето е исполнување на Воскресението Христово, а со тоа - и човековото воскресение и вознесение.
== Празнување ==
Четириесетиот ден после Христовото воскресение, Христос им се јави на Неговите ученици, и им заповеда да одат по целиот свет, проповедајќи го Светото Евангелие на сите луѓе, велејќи им дека кој ќе поверува, и се крсти, ќе биде спасен, а кој не поверува, ќе биде осуден. За да успеат во таа мисија, Христос им Го ветил Светиот Дух Утешител, оти без Неговата благодат не би биле спремни да ја извршат доверената мисија. Откако им ја даде таа заповед, ги поведе своите апостоли и [[Пресвета Богородица]] на Маслиновата гора, близу Ерусалим, каде ги подигна рацете и ги благослови, и потоа на очиглед на сите присутени, Се вознесе на небото. Учениците се радувале на она што го гледале нивните очи. И додека тие со погледот Го барале Вознесениот Господ, им се јавиле два [[Ангели|ангела]], велејќи им: „''Мажи, Галилејци, зошто стоите и гледате во небото? Овој Исус Кој од вас се вознесе на небото, ќе дојде така како што Го видовте да оди на небото.''“ (Дела 1,11)
На вечерната богослужба која се служи во средата пред Вознесение, во склад со црковниот типик се врши Оддание на [[Пасха]], еден вид затворање на циклусот на празнување велигденското празнување. Почетокот и крајот на службата во овој ден се врши исто како и на самиот ден Велигден. Повторно се пеат радосни стихови: “Нека воскресне Бог и нека се разбегаат непријателите Негови...“ и “Овој ден го создаде Господ, да се возрадуваме и возвеселиме во него...“. Се простуваме и се “разделуваме“ од Велигден, до идната година.
3.103
уредувања

Прегледник