Разлика помеѓу преработките на „Велики Понеделник“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
(New page: '''Велики Понеделник''' е првиот ден на Страстната седмица. Во него, Црквата се потсетува на последните д...)
(нема разлика)

Преработка од 23:02, 20 април 2008

Велики Понеделник е првиот ден на Страстната седмица. Во него, Црквата се потсетува на последните денови на Христос во Ерусалим, неговото влегување во Храмот и растерувањето на трговците од него, оти тоа е место за молитва, а не пазар. Луѓето љубопитно Го гледале, прашувајќи се „Кој е Овој?“, при што некои одговарале „Ова е Исус, пророк од Галилејски Назарет“.

Христос на Своите ученици во повеќе наврати им зборува за Своето страдење кое Му претстои, како и крајот на времињата и Страшниот Суд.

На Велики Понеделник Црквата говори и за Неговата беседа во Храмот, како и проколнувањето на бесплодната смоква, символ на човечката душа која не ја познава молитвата, покајанието, и која не носи духовни плодови.

Нов Завет

  • Утрена: Матеј 21:18-43
  • Литургија на претходно осветени дарови: Матеј 24:3-35

Стар Завет

  • Шести Час: Езекиел 1:1-20
  • Вечерна: Исход 1:1-20; Јов 1:1-12