Промени

Прејди на: содржини, барај

Велики Понеделник

Додадени 372 бајти, 21:44, 8 април 2012
с
Надворешни врски
'''Велики Понеделник''' (грч: Μεγάλη Δευτέρα) е првиот ден на Страстната седмица. Во него, Црквата се потсетува на последните денови на [[Господ Исус Христос |Христос]] во [[Ерусалим]], неговото влегување во Храмот и растерувањето на трговците од него, оти тоа е место за молитва, а не пазар. Христос на Своите ученици во повеќе наврати им зборува за Своето страдење кое Му претстои, како и крајот на времињата и Страшниот Суд. На Велики Понеделник Црквата говори и за Неговата беседа во Храмот, за злобните лозари, како и проколнувањето на бесплодната смоква, која го претставува јудејскиот собор, (во кој Исус Христос не нашол вистински плод, туку само лицемерна сенка на законот), но и човечката душа која не ја познава молитвата, покајанието, и која не носи духовни плодови.
На овој ден, Црквата го споменува и старозаветниот патријарх, целомудрениот Јосиф Прекрасен, кој поради зависта на своите браќа бива продаден во Египет; на тој начин, овој старозаветен патријарх е праобраз на безгрешното страдание на нашиот Спасител. Христос, како и Јосиф, станува жртва на зависта на Неговите браќа по крв и вера, и на ист начин е предаден и продаден. На крај, Јосиф завладејува со Египет, и ги храни своите браќа со леб, исто како што и Христос седнува на Својот Престол на мирот и нѐ храни сите нас со небесниот Леб - со Своето Тело и Својата Крв.
'''Ексапостилар''':
:Твојот дворец го гледам, Спасу мој,
:украсена украсна облека немам, за да влезам внатре.
:Осветли ја облеката на мојата душа,
:Просветителу, и спаси ме.
== Нов Завет ==
* Утрена: Матеј 21:18-43
* Час Шести: Језекиил 1:1-20
* Вечерна: Исход 1:1-20; Јов 1:1-12
 
== Видете исто така ==
 
* [[Страстна седмица]]
* [[Пасха]]
* [[Воскресение]]
 
== Надворешни врски ==
* [http://agapi.mk/vrski/naslovna/181-sinaksar-veliki-ponedelnik Агапи, Синаксар на Велики Понеделник]
3.103
уредувања

Прегледник