Промени

Прејди на: содржини, барај

Велики Понеделник

Додадени 1.407 бајти, 10:33, 21 април 2008
нема опис на уредувањето
'''Велики Понеделник''' е првиот ден на Страстната седмица. Во него, Црквата се потсетува на последните денови на Христос во [[Ерусалим]], неговото влегување во Храмот и растерувањето на трговците од него, оти тоа е место за молитва, а не пазар. Христос на Своите ученици во повеќе наврати им зборува за Своето страдење кое Му претстои, како и крајот на времињата и Страшниот Суд. На Велики Понеделник Црквата говори и за Неговата беседа во Храмот, за злобните лозари, како и проколнувањето на бесплодната смоква, символ на Еврејскиот народ во кој плод нма, но и на човечката душа која не ја познава молитвата, покајанието, и која не носи духовни плодови.
На овој ден, Црквата го споменува и старозаветниот патријарх, целомудрениот Јосиф Прекрасен, кој поради зависта на своите браќа бива продаден во Египет; на тој начин, овој старозавете патријарх е праобраз на безгрешното страдание на нашиот Спасител. Христос, како и Јосиф, станува жртва на зависта на Неговите браќа по крв и вера, и на ист начин е продаден и предаден. На крај, Јосиф завладејува со Египет, и ги храни своите браќа со леб, исто како што и Христос седнува на Својот Престол на мирот и нѐ храни сите нас со леб небесен, со Телото Свое и Крвта Своја.
== Химнографија ==
'''Тропар''', глас 8:
:Еве Младоженецот доаѓа на полноќ,
:и блажен е слугата што ќе го најде буден:
:недостоен пак, е оној што ќе го најде заспан.
:Внимавај значи, душо моја, не отежнувај со сонот,
:да не бидеш на смрт предадена и надвор од Цaрството да се затвориш,
:туку сепни се викајќи: Свет, Свет, Свет си, Боже,
:заради Богородица помилуј нè.
'''Кондак''', глас 8:
:Јаков ридаше заради лишувањето од Јосиф
:и добриот седеше на кола, како цар почитуван:
:затоа што пред сластите на египќанката тогаш не се пороби,
:повторно беше прославен од Познавачот на човечките срца
:и Давателот на негнилежен венец.
'''Ексапостилар''':
:Твојот дворец го гледам, Спасу мој,
:украсена облека немам, за да влезам внатре.
:Осветли ја облеката на мојата душа,
:Просветителу, и спаси ме.
== Нов Завет ==
* Утрена: Матеј 21:18-43

Прегледник