Промени

Прејди на: содржини, барај

Велики Вторник

Додадени 905 бајти, 21:20, 24 март 2015
с
Додаден внатрешен линк за парабола
На '''Велики Вторник''' (грч: Μεγάλη Τρίτη) се споменува Господовото изобличување на книжниците и фарисеите, Неговите беседи и [[парабола|параболи ]] изречени во Ерусалимскиот Храм, за данокот на кесарот, [[воскресение]]то на мртвите, за Страшниот Суд, десетте девојки и талантите, Божественото достоинство на Месијата како и за најголемата заповед на Законот.
На [[Утрена]]та на овој ден се чита дел од Евангелието според Матеј, каде Господ не еднаш, ами седум пати ги разобличува книжниците и фарисеите, велејќи им„им „''Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери''“. Истовремено, Тој ги разобличува и садукеите (кои не верувале во воскресението, воскресeнието) и закониците. Ова разобличување го завршува со страшните зборови на осуда „''Змии и породи аспидини, како ќе побегнете од пресудата за во пеколот?''“(Матеј 23,33)
На Велики Вторник Господ Христос ја изговорил и беседата на Маслиновата гора за Неговото Второ доаѓање и крајот на светоти векот. По пат, Тој на своите ученици им говорел за разурнувањето на Храмот, што всушност и се исполнило во 70-та година, кога Римјаните го завзеле [[Ерусалим]] и го разурнале. Нешто подоцна, (за време на владеењето на императорот Трајан) биле уништени сите негови траги. Иако војсководецот Тит се заложил храмот, како уметничко чудо да биде зачуван, Божјата волја се исполнила така што од жарче случајно оставено од некој римски војниkвојник, целиот Храм се запалил и изгорел.
Второто Христово Доаѓање е прикажано преку параболата за десетте девојки, и доаѓањето на Женикот во невестинскиот дом, при што мудрите (далекувидни) пет девојки се вистинските христијани, кои Го чекаат Христос, и имаат вера и љубов, но и добри дела, додека „лудите“ се оние христијани по име(номинални), кои немаат добри дела, и кои нема да учествуваат на свадбената гозбана Агнецот.
На [[Вечерна]]та на овој ден за последен пат се извршува великопостното Големо повечерие.
 
== Химнографија ==
===Кондак===
: ''глас втори''
: На последниот час, душo,
: откако се сети и од посекувањето на смоквата се уплаши,
: со талантот што ти е даден трудољубиво работи, бедна,
: бдеејќи и велејќи: да не останеме надвор од Христовиот дворец.
== Нов Завет ==
* Литургија на претходно осветени дарови: Матеј 24:36-26:2
== Стар Завет ==
* Час Шести Час: Језекиил 1:21-2:1
* Вечерна: Исход 2:5-10; Јов 1:13-22
 
== Видете исто така ==
 
* [[Страстна седмица]]
* [[Пасха]]
* [[Воскресение]]
 
== Надворешни врски ==
* [http://agapi.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=182:sinaksar-veliki-vtornik&catid=66:slider&Itemid=125 Агапи, Синаксар на Велики Вторник]
3.103
уредувања

Прегледник