Промени

Прејди на: содржини, барај

Велики Вторник

Додадени 2 бајти, 21:11, 21 април 2008
нема опис на уредувањето
На '''Велики Вторник''' се споменува Господовото изобличување на книжниците и фарисеите, Неговите беседи и параболи изречени во Ерусалимскиот Храм, за данокот на кесарот, [[воскресение]]то на мртвите, за Страшниот Суд, десетте девојки и талантите, Божественото достоинство на Месијата како и за најголемата заповед на Законот.
На [[Утрена]]та на овој ден се чита дел од Евангелието според Матеј, каде Господ не еднаш, ами седум пати ги разобличува книжниците и фарисеите, велејќи им„''Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери''“. Истовремено, Тој ги разобличува и садукеите (кои не верувале во воскресението, воскреснување) и закониците. Ова разобличување го завршува со страшните зборови на осуда „''Змии и породи аспидини, како ќе побегнете од пресудата за во пеколот?''“(Матеј 23,33)
На Велики Вторник Господ Христос ја изговорил и беседата на Маслиновата гора за Неговото Второ доаѓање и крајот на светот. По пат, Тој на своите ученици им говорел за разурнувањето на Храмот, што всушност и се исполнило во 70-та година, кога Римјаните го завзеле [[Ерусалим]] и го разурнале. Нешто подоцна, (за време на владеењето на императорот Трајан) биле уништени сите негови траги. Иако војсководецот Тит се заложил храмот, како уметничко чудо да биде зачуван, Божјата волја се исполнила така што од жарче случајно оставено од некој римски војниk, целиот Храм се запалил и изгорел.

Прегледник